ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Лука Дончиќ за дебито во Лејкерси: Беше забавно на теренот, но не сум играл долго време

February 11, 2025 10:53
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Дебито на Лука Дончиќ за Лос Анџелес Лејкерс помина во голем стил, но тој самиот призна дека му било малку непријатно и имал трема.

Дончиќ го одигра првиот натпревар во дресот на „езерџиите“ по трејдот, против Јута. Во своето деби за својот нов клуб, тој постигна 14 поени, забележа пет скока и четири асистенции, додека Л.А. го совлада противникот за шестата последователна победа (132:113).

-Леле, многу луѓе. Тоа беше нешто посебно. Кога ги гледав момците на теренот на последните натпревари, само мислев дека сакам да играм со нив, рече Лука Дончиќ при пристигнувањето на прес-конференцијата по долгоочекуваното деби за Лос Анџелес Лејкерс.

Дончиќ во дебито постигна 14 поени, но шутот не му одеше најдобро. Тој погоди 5 од 14 обиди од поле по долгото лекување на повредата на глутеалниот мускул, а последен пат играше на Божиќ.

-Бев малку нервозен. Тоа не ми се случило пред натпревар долго време. Не сум играл долго време. Ова е нов тим за мене. Но, беше забавно на теренот, призна словенечкиот репрезентативец и додаде:„Ова е нов тим, ново сè. Ми се допаѓа начинот на кој ми помогнаа – моите соиграчи, Роб (Пелинка, ГМ), Џини (Бас, сопственик). Чувствував голема поддршка. Беше очигледно… Кога дојдов во салата, ги видов сите дресови „Лука“. Надреално чувство“.

Пред натпреварот го охрабри и Леброн Џејмс кој му порача да биде тоа што е.

-За Леброн да каже нешто такво ми дава дополнителна самодоверба. Се наежив. Посебно е. Тој ја гледа играта поинаку од многу луѓе, неговата интелигенција е луда. И знаете, имајќи двајца такви момци на теренот, мислам дека тоа ќе му помогне на целиот тим, рече Дончиќ.

Натпреварот го следеше и Дирк Новицки, легендата на Далас Маверикс.

-Многу ми значи. Дека дојде. Тој е мој голем пријател, секогаш сум го гледал, тој е одличен ментор. Фактот што се појави, што долета од Далас е неверојатно и јас навистина, навистина го ценам тоа, додаде Дончиќ.

Tags: ДончиќЛејкерси
Next Post

Мареј останува тренер на Ѓоковиќ

Shortcut

Најново

Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

„12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

September 26, 2026

Денови на германскиот јазик 2026 во Северна Македонија

September 26, 2026

ХЕРА: Светски ден на контрацепција – „Избор без бариери“ – но изборот не е реалност за сите

September 26, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk