Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека сака веднаш да го затвори федералното Министерство за образование. „Би сакал да видам федералното Министерство за образование веднаш да се затвори. Тој оддел е голема измама“, рече Трамп.
Трамп минатата недела рече дека би сакал да го затвори федералното Министерство за образование со извршна наредба, но тој призна дека ќе му треба поддршка од Конгресот и образовните синдикати за да го исполни своето предизборно ветување. Во неговите први недели во Белата куќа, Трамп спроведе огромни промени во американската администрација, барајќи од федералните вработени да се вратат на работа или да дадат отказ, барајќи намалување на трошоците и работните места, како и обид за затворање на владини агенции како Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД).