ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Генерален штрајк во Белгија

February 13, 2025 09:18
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во Белгија денеска се одржува генерален штрајк, поради што се откажани сите летови од белгиските аеродроми, редуциран е јавниот превоз и не работат јавната администрација, државната пошта, училиштата и комуналните служби, како затворските чувари.

Штрајкот е во организација на неколку белгиски синдикати, како резултат на незадоволство од најавените реформи и економска политика на новата Федерална влада на Белгија.

Согласно Коалицискиот договор за формирање на Владата, постигнат на 31 јануари, меѓу другото се предвидува намалување на буџетските трошоци за 23 милијарди евра во следните пет години, како и реформи во даночната политика, зголемување на старосната граница за пензионирање и намалување на средствата за социјалната заштита.

Во рамки на штрајкот се најавени и протестни маршеви на кои се очекува учество на неколку десетици илјади лица. Само на протестот во Брисел се очекуваат околу 60.000 демонстранти.

Кон генералниот штрајк се приклучија и контролорите на летање, поради што воздушниот простор над Белгија е затворен од 06:45 до 22:15 часот, па авионите што минуваат над белгиска територија летаат на висина од над 7.500 метри и ги опслужуваат од контролите на летање од соседните земји.

Откажани се сите летови кон и од бриселските аеродроми „Брисел-Завентем“ и „Брисел Југ-Шарлроа“, како и од аеродромите во Антверпен, Остенде и Лиеж.

Бриселското градско сообраќајно претпријатие СТИБ соопшти дека очекува „сериозни нарушувања“ на јавниот превоз во Брисел, поради целосен прекин на сообраќањето на некои метро, трамвајски и автобуски линии и редуцирање на останатите.

Редуцирање на автобуските и трамвајските услуги се најавени и во Фландрија, додека во Валонија целосно се откажани неколку линии на јавниот превоз.

Оние кои доцнат на работа или на училиште поради штрајкот може да побараат потврда за првичните за доцнење преку веб-страниците на јавните сообраќајни претпријатија.

За разлика од патниот превоз, возовите ќе сообраќаат нормално, бидејќи железничарите решија да не прекинат со работа за да им овозможат на штрајкувачите од целата земја да допатуваат на протестот во Брисел. Белгиската железница СНЦБ соопшти дека се очекува зголемен обем на патници на линиите од и кон Брисел, па најави можност и за зголемување на бројот на возови што ќе сообраќаат.

Покрај поради штрајкот, ограничувања на движењето во Брисел има и поради состанокот на министрите за одбрана на НАТО, почетокот на фестивалот „Брајт“ и фудбалскиот натпревар во рамките на Лига Европа меѓу локалниот Унион Сен Жилоаз и холандскиот Ајакс на стадионот „Крал Бодуен“ (поранешен „Хејсел“).

– Размислете за работење од дома, патување со воз или автомобил или користење на друго превозно средство, порача бриселската полиција.

Tags: Белгијаштрајк
Next Post
Фото: ФБ

Градоначалникот на Тирана останува во притвор

Shortcut

Најново

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk