Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола го собори својот рекорд за најмногу порази во една сезона.
Манчестер сити викендот на домашен терен загуби од Ливерпул (0:2) во 26. коло од Премиер лигата.
Менаџерот на Сити го загуби својот 14-ти натпревар оваа сезона. Ова е неговиот најлош рекорд во целата негова тренерска кариера.
Претходно „Граѓаните“ загубија од Тотенхем (1:2), Борнмут (1:2), Спортинг (1:4), Брајтон (1:2), Тотенхем (0:4), Ливерпул (0:2), Јувентус (0:2), Манчестер јунајтед (1:2), Астон вила (1:2), ПСЖ (2:4), Реал Мадрид (2:3 и 1:3), Арсенал (1:5).
Гвардиола пред да работи во Англија беше тренер на Барселона и Баерн минхен.