ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Николовски: Загрижуваат последните постапки во ООН и изјавите на Мицкоски на Конференцијата на конзервативците во САД

February 25, 2025 13:31
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Загрижуваат последните постапки во ООН и изјавите на премиерот Мицкоски на Конференцијата на конзервативна политичка акција. Нашата ориентација ќе зависи многу и од тоа како ЕУ ќе се постави во однос на новата американска политика“, вели во изјава за Фронтлајн, Димитар Николовски извршен директор на ЕВРОТИНК, одговорајќи на прашањето: Го напушта ли Северна Македониа правецот кон ЕУ, и дали оди кон „новото нормално“ на Трамп?

– Тешко е да се даде таква квалификација во овој момент, особено што американската ситуација се менува динамично и драстично од ден во ден. Во однос на нашата европска ориентација, сепак загрижуваат последните постапки во ООН и изјавите на премиерот Мицкоски на Конференцијата на конзервативна политичка акција. Нашата ориентација ќе зависи многу и од тоа како ЕУ ќе се постави во однос на новата американска политика. Сметам дека ќе биде најдобро да се обидеме да балансираме помеѓу двете сили, но сегашниот впечаток ми е дека целосно сме свртени кон Трамп, што е секако загрижувачки во однос на нашите стратешки определби, анализира Николовски.

Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои резолуција подготвена од Украина и спонзорирана од 27-те членки на Европската унија, со која се осудува воената агресија на Русија врз нејзината соседна земја, изразувајќи поддршка за територијалниот интегритет на Украина и барајќи итно повлекување на руските трупи.

Резолуцијата доби 93 гласа за, 65 воздржани и 18 против. За резолуцијата гласаа сите европски земји, па дури и Србија, со исклучок на Северна Македонија која беше „воздржана“ и Белорусија која гласаше против.

Покрај САД, против оваа резолуција беа и земји како Буркина Фасо, Бурунди, Централноафриканската Република, Демократска Република Конго, Екваторијална Гвинеја, Еритреја, Нигерија, Мали…

Северна Македонија беше коспонзор на друга резолуција поднесена од Соединетите држави, која не доби поддршка од Генералното собрание на ОН. Таа резолуцијата не ја идентификува Русија како земја агресор.

Дестан Јонузи

Tags: Димитар НиколовскиЕУООНСАД
Next Post

Папата Франциск од болница одобри декрети за нови кандидати за можна канонизација

Најново

Анаис хороскоп, Македонија, Скопје Даут Пашин амам

Дневен хороскоп со Анаис (30 април): Продлабочување на хармонијата и префинетоста

April 30, 2026

СДСМ: Со укинувањето на техничката влада, државата капитулираше пред криминалот

April 29, 2026

Собранието изгласа укинување на техничката влада 

April 29, 2026
Фото илустрација Фронтлајн

Ново од „Безбеден град“: Код за верификација при регистрација на возилата за точна достава на казните

April 29, 2026

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство  

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk