ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ ги достави документите во Владата за „корупција“ на вицепремиерот Меџити, Владата ги отфрли како шпекулации

February 25, 2025 14:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата соопшти дека ги проверила и ги отфрлила како неточни наводите изнесени од СДСМ и ДУИ во врска со работата на Министерството за животна средина и просторно планирање.

-Владата ги провери и затоа ги отфрла шпекулациите и неточните наводи изнесени од СДСМ и ДУИ во врска со работата на Министерството за животна средина и просторно планирање. Инспекцискиот надзор спроведен од Управниот инспекторат се однесува на аспекти на архивското работење и не утврдил незаконско постапување. Оваа административна пракса на работа е воспоставена уште во 2017 година и континуирано се применувала под раководство на министри од СДСМ и ДУИ во претходните влади. Ако по логиката на Кузевска тоа е прекршување на законите, тогаш значи дека законот бил прекршен од Владата на СДСМ и ДУИ, стои во соопштението од владината прес-служба.

Воедно, се додава дека Владата останува посветена на транспарентноста и ги повикува сите заинтересирани страни на увид во документацијата за целосно и точно информирање на јавноста како и што повика Министерството за животна средина и просторно планирање.

-Oстануваме посветени на законито и професионално работење во интерес на граѓаните, наведуваат од Владата.

Претходно денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска достави документите во Владата до премиерот Христијан Мицкоски во врска со нивните тврдења за сомнежите дека постои корупција и неправилности во работата на првиот вицепремиер Изет Меџити. Таа при тоа приложи документи според кои наводно во Министерството за животна средина бил поставен систем за потпис и одлучување спротивно на законите и админстративните процедури што, кажа, остава сомнеж за корупција и за мито. Во изјавата за медиуми пред доставување на документите, таа рече дека од партијата очекуваат премиерот во најбрз можен рок да ги разгледа и да ги повика надлежните институции да реагираат.

Во исто време изјава за медиуми даде и првиот вицепремиер и министер за животна средина Меџити  кој доставувањето на документите до Влада го оцени како обид на опозициската СДСМ да ја продолжат приказната и порача дека не може административна или архивска работа да се прикаже како голем скандал. Тој при тоа забележа дека вакви тврдења имало од ДУИ, а сега и од СДСМ, кои според него, одат по нивна памет и се гледа дека се синхронизирани во нападите.

-Прво се зборуваше за одземање на ингеренции на Министерството за животна средина, а кога увидоа дека Инспекторатот кој бил автономен во нивно време сега е дел од Министерството, како сектор, отидоа на второто обвинување дека има простор за злоупотреба констатиран во Административниот инспекторат. Но, се работи за редовна контрола која била во програмата на Државниот административен инспекторат. Имаат опомена со забелешка за некоја воспоставена пракса, не за ингеренции или за нешто друго, изјави Меџити во одговор на новинарско прашање пред почетокот на завршниот настан на твиниг проектот „Понатамошно зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на acquis во областа на индустриското загадување MK 20 IPA EN 02 22“.

Tags: ВладаКузескаМеџити
Next Post

ЛДП изразува сериозна загриженост за гласањето на Македонија во Генералното собрание на ОН

НАЈНОВО

Дијана Хрка објави дека го прекинува штрајкот со глад

November 17, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Орбан продолжува со цинизмот: Ја спореди итната помош за Украина со „воткa за алкохоличар“

November 17, 2025

Неизвесно снабдувањето со гориво во Србија по 1 декември

November 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали е штетно да се пие вода додека јадеш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kолку е опасно ако пиете кафе на празен стомак наутро?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk