ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Собранието ги донесе измените и дополнувањата на Законот за вршење сметководствени работи

February 25, 2025 16:33
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА

На денешното продолжение на 35. седница на Собранието по скратена постапка беа усвоени измените и дополнувањата на Законот за вршење сметководствени работи, што ги предложија пратеници од владејачкото мнозинство, а со кои им се овозможува на сметководителите до крајот на идната година да ги исполнат законските обврски за континуирано професионално усовршување.

На околу 3.300 сметководители, кои не посетувале доволен број часови за обука и биле дисциплински казнети со привремено бришење од регистерот, им се овозможува да ги потпишат годишните сметки и финансиските извештаи на правните субјекти за 2024 година, а рокот за исполнување на условите за професионалното усовршување им се продолжува до 31 декември 2026 година.

Забелешка за предложените измени имаше пратеничката Сања Лукаревска, која истакна дека со нив се прави упад во почитувањето на претходно донесените законски рокови.

-Тоа е исто како за оние пратеници кои навремено не доставиле анкетен лист, сега да го продолжуваме рокот, што на некој начин е парадоксално. Во делот на членарината, што како забелешка го доставија групи на сметководствени работници, сметаат дека оние кои редовно плаќаат членарина ќе бидат ставени во понеповолна позиција наспроти оние кои не ја плаќаат и треба да се внимава на овој вид дискриминаторски однос, затоа што нив, заедно со оние што немаат потребен квантум на часови, ги ставаме во иста позиција со тие кои ја сакаат професијата и ги исполнуваат критериумите, истакна Лукаревска.

Пратеникот Бојан Стојаноски, кој е еден од подносителите на предлогот за законските измени, нагласи дека тоа се прави по скратена постапка за да се избегнат проблеми во работењето на правните субјекти и воопшто во економијата.

-Имаме сметководители коишто нема да може да поднесат завршна сметка и целото стопанство го ставаме под ризик. Ќе го смениме законот за да им дадеме можност на сметководителите да поднесат завршна сметка, затоа што сите знаете дека ако не поднесете целокупниот стопански, деловен свет го доведувате во прашање, нема да може да работите, тоа е крах на економскиот систем. Тоа не било наша работа, туку на некој друг, а ова е само последица којашто ние треба да ја решаваме, нагласи Стојаноски.

Во обраќањето тој додаде дека постои намера да се реши проблемот на системски начин, односно до крајот на годината да се изработи комплетно нов закон што ќе биде инклузивен, односно во Министерството за финансии ќе бидат повикани сите за да се донесе консензуално прифатлив закон со којшто системски ќе се надминат актуелните прашања.

Tags: Законот за вршење сметководствени работиСобрание
Next Post
ЏАБИР ДЕРАЛА (натпис: Што ли ќе правиме со толку многу иднина?) - фотографија: Б. Јордановска / ЦИВИЛ

Нежна е грижата на власта за луѓето

НАЈНОВО

Фото: Кошаркарска федерација на Македонија

Македонските кошаркари против Унгарија ги завршуваат претквалификациите за СП 2027

August 20, 2025

Здружението на тренери во Италија бара израелската репрезентација да биде суспендирана од меѓународни натпревари

August 20, 2025

Исак го обвини раководството на Њукасл дека ги крши ветувањата

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk