ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тензично во БиХ: Собранието на Република Српска го усвои Предлогот за нов Устав според кој РС ќе се прогласи за држава и ќе има право на самоопределување

March 14, 2025 08:52
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Пратениците на Народното собрание на Република Српска (РСС) синоќа го усвоија Нацртот на новиот Устав на РС, според кој овој ентитет на БиХ ќе се прогласи за држава, ќе има право на самоопределување, а Советот на народите на РС и потпретседателите на РС се укинуваат.

Според усвоениот нацрт, се укинува  државјанството на Босна и Херцеговина и се споменува само ентитетско државјанство, а се занемарува можноста за влегување во воен сојуз со други држави, како и правото на конфедерација со друга држава.

Предвидено е повторно формирање на Армијата на РС, како и формирање на Високиот судски и обвинителски совет на РС, што би назначувал судии и обвинители во овој ентитет.

За усвојување на нацртот на новиот Устав на РС гласаа 50 пратеници од владејачката коалиција, од вкупно 58 присутни пратеници во собраниската сала при гласањето.

Повеќето пратеници на опозицијата не беа во собраниската сала за време на гласањето, а претходно од седницата беа отстранети сите пратеници на Српската демократска партија (СДС).

За усвојување на Нацртот на новиот Устав на РС беше потребно обично мнозинство, но за конечно усвојување на новиот Устав потребно е двотретинско мнозинство кое владејачката коалиција во РС го нема, како што призна и самиот претседател на РС, Милорад Додик.

Владејачкото мнозинство во Народното собрание на РС синоќа го усвои и Законот за заштита на уставниот поредок на РС, кој по итна постапка го предложи претседателот на РС Милорад Додик.

Со овој закон се предвидува формирање на Специјалното обвинителство на РС, кое ќе има овластување да го уапси секого кого власта ќе го означи како закана за уставниот поредок на РС.

Предвидено е специјалниот обвинител да го именува Народното собрание на РС.

Опозицијата упати низа критики на овој закон, нагласувајќи дека Додик го институционализира прогонот на политичките противници во РС.

Овој закон влегува во сила следниот ден по објавувањето во Службен весник на РС.

Tags: БиХРепублика Српска
Next Post

Судијка на ОН осудена за принудување жена да работи како робинка

НАЈНОВО

Фото: Укринформ

Руската армија изврши една од најголемите воздушни офанзиви овој месец, користејќи 270 дронови и 10 ракети

August 19, 2025
фото: пиксабеј

Историскиот центар на Истанбул ќе стане пешачка зона

August 19, 2025

Алкараз и Ига Швјонтек победници на Мастерсот во Синсинати

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk