ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ сака да стави партиска капа врз судството за да ги заштити своите криминали, кои секој ден ги откриваме

March 15, 2025 12:25
in АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

„Свесни сме дека судството со години наназад предизвикува незадоволство поради спори постапки и сомнеж за големо политичко влијание. Сакам да кажам две работи – првата е дека немам намера да стојам во одбрана на одредени личности и второ, ниту една влада во изминатите три децении не направила доволно за да се случат вистински реформи во правосудството, што граѓаните го заслужуваат, сакаат да го видат и поради тоа има огромен гнев“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.

Тој рече дека е недозволиво и недемократски тој гнев да се користи за судството да се присвои, како што се обидува да направи ВМРО-ДПМНЕ.

„Се поставува прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ сака да стави партиска капа врз судството за да заштити некои свои неправилности и криминали, кои секој ден ги откриваме“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ додаде дека заканите на премиерот дека ќе се случел народ на судството е порака и признание дека Мицкоски сака судство само по своја мерка и дека не сака ниту подобро, ниту независно судство.

„На некој начин таа изјава е оксиморон, односно со партиски протести ќе се борат против, наводно, партизирано судство. Нема поголем доказ од тоа дека крајната цел е партизација“ заклучи Филипче.

Тој рече дека вистински промени се можни само со вистински реформи, а не со притисоци и закани.

„Ги повикувам уште еднаш, целата владејачка коалиција и ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ и Влен, да се вразумат и да го почнат патот на реформите“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека решенијата за реформи во правосдуството се спремни и на маса, работени заедно со претставници на ЕУ и преточени во Реформската агенда и Планот за раст кој го подготви владата на СДСМ, а го потпиша премиерот Мицкоски пред неколку месеци во Брисел.

„Таму се содржани повеќе закони, меѓу кои и закони кои се однесуваат на обвинителството и на судскиот совет и за платите на судиите и движење на судски предмети. Работи кои треба да се случат за да се стави ред во тој систем и да фунцкионира согласно европските норми и критериуми, а кај граѓантие да се врати довербата“ рече Филипче.

Тој додаде дека законите се спремни и СДСМ е подготвена да ги поддржи сите закони кои се во Реформската агенда и да ги гласа заедно со владејачкото мнозинство.

„Дополнително што тие закони се поврзани со финансиски средства и грантови. Целокупниот пакет е 800 милиони евра помош за Македонија. Но, за жал од триесетина закони кои се во планот да се донесат до јули 2025, само еден е донесен, ниту еден друг не е во собраниска процедура“, изјави Филипче.

На новинарско прашање за синдикатите, Филипче ијзави дека Владата е тука за да ги решава проблемите, а не да ги критикува барањата на синдикатите и да ги бележи дека се обоени со ваква или таква боја или да бараат некакви конекции.

Д. Е.

 

Next Post
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Решени се загатките на Србија, Македонија и Америка, нивните сфинги можат да се фрлат

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk