ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ВО ЖИВО) Стотина илјади граѓани на протестот „15 за 15“ во Белград

March 15, 2025 16:02
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕГИОН
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Сите патишта водат до српското Собрание во Белград. Река од луѓе од сите страни се слеваше низ улиците на српскиот главен град. Српските медиуми јавуваат дека се работи за посетеност од стотина илјади граѓани. Велат дека ова е најголемиот собир на граѓани што некогаш се одржал во Србија.

Студентите во блокада почнаа да се собираат на неколку места во градот пред протестот закажан за денеска во 16 часот. Првично беше закажан голем протест пред Народното собрание во Белград но, студентите на ЕТФ најавија дека локацијата се менува од безбедносни причини и дека ќе биде кај Славија. Во меѓувреме сепак одлучиле –  протестот да биде пред Собранието, но дека бината ќе биде поставена и кај Славија.

Студентите во блокада се собираат на четири локации – Плоштадот на Републиката, Автокоманда, булеварот Крал Александар и кај кружниот тек кај општина Нов Белград, каде има и група земјоделци со трактори. Демонстрантите најавија дека оттаму во колони ќе се упатат кон центарот на градот и додека траеја собирањата и подготовките – прават голема врева, скандираат „Пумпај“, свират и вувузели, носат српски знамиња и бројни транспаренти – „Барањата не се исполнети“, „Нашето лице е чисто, а вашето“.

На Твитер е објавена снимка од дрон од луѓе кои се собираат во Нов Белград, од каде се упатуваат кон Собранието на Србија.

Traktori poljoprivrednika prošli su kraj „traktora 2.0“.

U blogu na portalu „Vremena“ čitajte o najnovijim informacijama iz Beograda: https://t.co/yRdmUil0UN pic.twitter.com/ttB33gUmpQ

— Vreme (@NedeljnikVreme) March 15, 2025

Студентите кои од синоќа од разни правци пристигнаа во Белград со велосипеди, пеш или со јавен превоз беа пречекани од бројни граѓани.

Зградите на српскиот Парламент и на белградското Собрание се опколени со метална ограда, околу нив има распоредено силни полициски сили во опрема за разбивање демонстрации.

Редарите на студентите во блокада не дозволуваат пристап до Пионирски парк каде се сместени контрапротестантирте „студенти 2.0“. Паркот е опкружен од трактори поставени од вчера.

Власта се обидуваше со инциденти да ги спречи луѓето да присуствуваат на протестот

Јавниот превоз во Белград е во прекин од утринава и нема да сообраќа до крајот на денот.

Српското Министерство за внатрешни работи утрово нареди целосен прекин на јавниот превоз во Белград, потврди за Н1 Иван Банковиќ од синдикатот ГСП Центар.

Тој нагласи дека ГСП не ги повлекува возилата по своја волја, туку по налог на српското МВР, но прецизираше дека и покрај се, работниците во градскиот транспорт и денеска ќе останат на своите работни места, иако возилата не работат.

На повеќе места во центарот на градот се поставени резервоари за вода за пиење.

Повозрасен маж е приведен пред српското Собрание во Белград во пресрет на протестот што се одржува денеска.

Како што пренесува Нова.рс, мажот им пришол на редарите и им се заканил со бомби, по што бил приведен.

Во меѓувреме тракторите од земјоделците поминаа покрај „тракторите 2.0“ паркирани од контра-протестантите наречени студенти 2.0.
Ј. Ѓ.
Tags: БелградпротестСрбијастуденти
Next Post

(ВИДЕО) Како изгледа протестот во Белград гледан од дрон

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026
Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

Државниот завод за ревизија бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk