ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Директорката на Одделот за изгореници на солунската болница: Тројцата пациенти се во критична, но стабилна состојба

March 18, 2025 12:23
in ДЕНЕС, РЕГИОН, ТРАГЕДИИ, ХРОНИКА
фото извор: Радио Кочани

фото извор: Радио Кочани

Двете девојки и момчето на возраст од 19, 25 и 26 години, кои од неделата се хоспитализирани во болницата Папаниколау во Солун се во критична состојба и сè уште не може да се каже дека се вон животна опасност, според директорката на Одделот за изгореници на солунската болница Софија Пападопулу, јави дописничката на МИА од Атина.

По посетата на министрите Муцунски и Таравари на болницата, доктор Пападопулу во изјави за грчките медиуми објасни дека тројцата пациенти имаат од 15 до 25 отсто изгореници на телото за што двајца од пациентите денеска по втор пат ќе бидат оперирани, а во следните денови и третото поведено лице, но истакна дека она што е посериозно е тоа што вдишале чад.

– Тројцата се во критична состојба. Не можеме да кажеме дека ја имаат избегнато опасноста, бидејќи иако имаат изгореници, главно на лицето и рацете, исто така вдишале и чад, очигледно долго време останале во просторот каде што се случи несреќата, па имаат изгореници при вдишување, односно оштетување на белите дробови и дишните патишта, што е она што го можеби ќе ја отежне состојбата и текот на нивното здравје, што најверојатно ќе биде долгорочно. Правиме сè што можеме, имаме капацитети, ја имаме поддршката од целиот персонал во болницата да можеме да го направиме најдоброто за овие млади пациенти, објасни директорката на Одделот за изгореници.

Тројцата пациенти се наоѓаат на интензивна нега, приклучени на апарати.

Во Солун беа пренесени уште двајца повредени, хоспитализирани во Воената болница 424, додека пак од синоќа во Атина се лекуваат уште три лица.

Tags: Одделот за изгорениципациенти
Next Post
Ерол Ризаов

Кога мажите плачат во Кочани

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk