Лидерот на социјалдемократите, Зоран Заев, на својот Фејсбук профил објави статус за помошта која е најавена и треба да биде ставена на располагање во справувањето со епидемијата од корона вирусот.
Заев соопшти дека на располагање ќе бидат средства за справување со социо-економскиот удар, за поддршка на мали и средни претпријатија, како и директна помош за државниот буџет.
„Нашите пријатели со првична помош за Северна Македонија, за справување со корона вирусот.
Досега од ЕУ обезбедени се 50 милиони евра за амортизација на социо-економски ефекти од пандемијата, 9 милиони евра за поддршка на мали и средни претпријатија и 3 милиони евра итни средства за поддршка на Буџетот. Како земја-кандидат на ЕУ, ни се отвора пристап и до Европскиот солидарен фонд.
Дополнително преку УНОПС обезбедени се 25 респираторни машини и 30 респираторни машини ЕУ и УНДП.“ – напиша Заев.