ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Со мирен марш струшките средношколци им оддадоа почит на жртвите во Кочани

March 19, 2025 15:02
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА, ТРАГЕДИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Со три минутен молк под мотото „Сите да се избориме ние да не сме следните жртви на системот – Ти си следен“ струшките средношколци со транспаренти и силни пораки со мирен марш им оддадоа почит на жртвите од пожарот во Кочани.

Маршот тргна од пред центарот за култура „Браќа Миладиновци“ се движеше по кејот на реката Црн Дрим, низ струшката Чаршија и заврши повторно пред Центарот за култура.

– Денес сме собрани да ја искажеме нашата тага и да ги споделиме нашите мисли, очекувања и незадоволство. Се одлучивме на мирен марш бидејќи еден ден може да е секој еден од нас. Ние сме младоста на оваа држава, ние сме државата, истакна средношколката Анастасија Илоска.

Ги замоли присутните собирот да помине без никакви инциденти, посочувајќи дека учениците ќе се вратат во училиштата по завршување на настанот.

Ученичката Теона Блажеска смета дека младите треба да се силни и храбри да ја спречат корупцијата за да не страдаат.

– Она што се случи во Кочани беше страшено. Бевме потресени сите. Да се прекине корупцијата и да има правда за сите, вели Блажеска.

И средношколката Ема Ристиќеска изрази почит за загинатите во Кочани, изразувајќи револт, за, според неа, системот и корупцијата кои одземаа многу млади и невини животи.

– Не е првпат што на ваков начин гинат невини луѓе во нашата држава поради корупцијата и системот. Им го зема животот на децата пред кои беше иднината, пропаднаа сите соништа кои ги имаа во една вечер. Многу ми е жал што на таква забава на трагичен начин загинаа толку млади луѓе. Навистина треба да преземеме нешто и да не оставиме да гине народ, туку да се собереме и да направиме промена, што ќе гарантира нашата држава да не претрпе повторно ваква загуба, вели Ристиќеска.

Кон маршот на средношколците се приклучија и родители, кои сметаат дека трагедијата во Кочани е премногу.

– Дојде време ние како родители со сила, и да не сакаат децата да ги праќаме во странство за да имаат систем. Нас ни фали систем, мир, ред и дисциплина. Ни фали децата кога ќе излезат да не се грижиме дали ќе се вратат живи и безбедни. Имаме слобода која ја нема во светов, но немаме мир. Многу сум загрижена и потресена и време е сите да се свестиме. Немаме друга држава, ова е наша и заедничка и сите треба да продолжиме вака сплотени. Сплотени сите како што јас ова го видов во Струга, без поделба на вера и нација. Ова е целокупен општествен проблем, не само политички. Треба да внимаваме и како ги воспитуваме децата, како ги насочуваме, рече Елизабета Пинтоска.

Tags: КочанипожарсобирСтруга
Next Post

Седум полициски службеници од Кочани и Штип осомничени за тешки дела против општата сигурност, доставен предлог за притвор

Shortcut

Најново

Анаис. Мотив, Крушево

Дневен хороскоп со Анаис за 2 јуни 2026: Дисциплина во чекорите и прагматични решенија

June 1, 2026
Фото: Охрид „СОС“

Куќата во Охрид изградена 1927 година се руши, надлежните си ја префрлаат одговорноста

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди директен настап на Светското првенство во МТБ Маратон

June 1, 2026
Кој е Арне Слот менаџерот што ќе го наследи Клоп во Ливерпул?

Емотивно проштално писмо на Арне Слот до навивачите: Промената е дел од фудбалот, Ливерпул ќе продолжи да ве прави горди

June 1, 2026

Филипче: Мицкоски и неговата банда се грижат за себе, младите ја плаќаат цената

June 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  •  „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk