Од Независниот студентски сојуз (НСС) на УКИМ реагираат на гласините дека утрешниот собир на студентите на платото на УКИМ е откажан.
„Сакаме јасно да нагласиме дека собирот не е откажан. Сите информации што кружат во јавноста се лажни и тенденциозни“, велат од Независниот студентски сојуз.
Претходно, одредени медиуми објавија дека НСС се повлекува од организацијата на собирот поради наводно партиско мешање. Сепак, од Сојузот категорично ги демантираат овие тврдења.
Како што потврдуваат од НСС, пленумот ќе се одржи според планот – утре, во 13 часот, на платото на УКИМ.
Во меѓувреме, и од иницијативата „Кој е следен?“ негираа поврзаност со објавениот видео-разговор меѓу група студенти и девојка од Србија. Тие тврдат дека немаат никаква врска со тој повик, ниту, пак, учествуваат во какви било дискусии за формирање нови студентски организации.
„Наместо да одговорат на нашите барања за правда, одговорност и безбедност, некои структури се служат со манипулации, лажни вести и медиумски спинови. Притисоците од лажни профили, пропагандни медиуми и полициски или параполициски структури само дополнително ја зајакнуваат нашата решеност“, додаваат од иницијативата.
Иницијативата најави Марш за одговорност и безбедност в понеделник, на плоштад „Македонија“, со почеток во 18:59 часот.
Прочитајте и…