Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик денеска соопшти дека пристигнал во Израел, каде ќе учествува на дводневната Конференција за антисемитизам во Ерусалим, на која ќе присуствуваат претседателот и премиерот на Израел Исак Херцог и Бенјамин Нетанјаху.
„Ја започнав мојата посета на Израел, земја чија сила, историја и решителност длабоко ги почитувам“, рече Додик во објавата на Твитер (Х). Според него, Израел покажува дека „слободата и безбедноста немаат цена и дека народот кој знае кој е не се согласува да биде ниту цел ниту следбеник“.
„Како што Израел се брани без да се извини, Република Српска го брани своето право на постоење, одлучува и го одржува заветот на своите предци. Србите и Евреите се нации кои се обидоа целосно да ги збришат и преживеаја. Затоа се разбираме. И затоа стоиме заедно“, рече Додик.
Граничната полиција на Босна и Херцеговина (ГП БиХ) претходно соопшти дека спроведува истрага за тоа како Додик вчера ја преминал државната граница, бидејќи по него во БиХ била распишана централна потерница поради сомнение дека го уривал уставниот поредок на земјата.
Додик завчера од Бања Лука отпатува за Белград, каде присуствуваше на одбележувањето на годишнината од НАТО бомбардирањето на Србија, а вчера со авион на Владата на РС отпатува за Израел.
Вчера, Судот на Босна и Херцеговина потврди дека на лидерот на Додик му била испратена писмена копија од пресудата со која е осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност.
Д. Т. / Цивил Медиа