Судот на Босна и Херцеговина побара распишување меѓународна потерница за претседателот на Република Српска, Милорад Додик и претседателот на Народното собрание на РС, Ненад Стевандиќ, откако ја поминале државната граница, а познато е дека по нив е распишана внатрешна потерница, јавуваат српски медиуми.
Судот на Босна и Херцеговина соопшти дека на 26 март добиле предлог од Обвинителството на Босна и Херцеговина за распишување меѓународна потерница по осомничените Милорад Додик и Ненад Стевандиќ.
„Во предлогот, кој беше прифатен, Обвинителството извлече основа за издавање од очигледно преземените дејствија на осомничените Додик и Стевандиќ, кои користејќи ги високите позиции во субјектот Република Српска ги избегнаа процедурите за гранична контрола пропишани со закон, ја преминаа државната граница и ја напуштија Босна и Херцеговина.
Додик моментално е во Израел, додека осомничениот Стевандиќ, избегнувајќи ги контролите пропишани со закон, дури на 18 март 2025 година се вратил во Босна и Херцеговина, што сето тоа укажува на можноста тие во секој момент да бидат во странство.
Д. Т. / Цивил Медиа