Претседателот на РС, Милорад Додик, против кого е распишана централна потерница, се наоѓа во Израел, каде што учествува на меѓународната конференција за антисемитизам во Ерусалим.
За време на неговата изјава за медиумите во Кибуц Бери, имаше ракетен напад. Два проектили биле пресретнати од израелските системи „Железна купола“, а инцидентот бил снимен од камерите на РТРС.
„Ја слушавме потресната исповед на Авид Бахар, кој ги загуби членовите на семејството во терористички напад на овој мирен кибуц“, рече Додик.
Милорад Додик, против кого е распишана централна потерница и кој според важечките потерници треба да биде уапсен, нормално ги минува границите. Тој во моментов е во Израел, каде ќе присуствува на меѓународна конференција за антисемитизам во Ерусалим.
Д. Т. / Цивил Медиа