ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во тек се распити, анализи и вештачења од голем обем и во однос на повеќе различни институции за пожарот во Кочани, информираат од Обвинителство

April 1, 2025 15:19
in ДЕНЕС, ПРАВДА, ТРАГЕДИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Јавните обвинители од тимот кој ја води предистражната постапка за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој животот го загубија 59 лица, а речиси 200 се повредени, континуирано преземаат повеќе истражни дејствија за обезбедување докази, а такви дејствија, кои вклучуваат распити, анализи и вештачења од голем обем и во однос на повеќе различни институции се во тек и денеска, информираат од прес-службата на ЈОРСМ.

Меѓутоа, за да се зачува тајност на постапката и да се спречи компромитирање на доказите, од Обвинителството посочуваат дека не е во можност во моментов да открива повеќе детали за активностите.

Вкупниот број на осомничени за пожарот во Кочани досега е 34 лица. Со истрагата се опфатени 27 физички и три правни лица, а истражни постапки има и против седум полициски службеници од СВР Штип и ПСОН Кочани.

Тимот од  јавни обвинители кој работи на случајот, како што информира претходно, работи на активности кои вклучуваат распит на повеќе од 300 сведоци,  како и други истражни дејствија и соодветни вештачења од повеќе области.

Во однос на барањата на опозициската СДСМ да се формира Анкетна комисија за трагдедијата во Кочани, и на барањето на ДУИ во истрагата да се вклучат и странци, премиерот Христијан Мицкоски, завчера рече дека „не бегаат од никаква Анкетна комисија, но би сакале да ја прошират и за останатите случаи освен за Кочани.

-Јас апсолутно не бегам од никаква Анкетна комисија, претпоставувам ниту пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата нема да бега, но би сакал да ја прошириме со сите овие останати судски случаи кои завршија на начин на кој завршија. Така што, подготвени сме да разговараме, да дебатираме со секој оној којшто може да помогне или да додаде вредност, изјави премиерот Хрстијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање по посетата на Ново Село.

Според премиерот, СДСМ и ДУИ не биле задоволни од истрагата за Кочани, но како што рече би ги прашал дали биле задоволни од истрагата за модуларната болница во Тетово, дали беа задоволно од истрагата за Ласкарци, дали беа задоволни од истрагата за Беса транс, за Трговскиот центар „Соравија“ во Скопје и уште многу други истраги кои  изминатиот период беа познати во јавноста.

Пратеничката на СДСМ, Јованка Тренчевска, денеска на прес-конференција во Собранието рече дека би поддржале предлог за таква Анкетна комисија, како и дека „оставаат шанса на институциите за професионална и неселективна истрага за трагегијата во Кочани, потоа ќе излеземе со нашите идни дејствија“.

-Оставаме шанса на институциите. Истрагата е во тек и затоа нашиот став е дека треба професионално, неселективно да се заврши целата истрага. Да не опструираме во текот на истрагата. По завршување на истрагата како СДСМ ќе излеземе со став за нашите идни дејствија. Во моментот кога ќе заврши истрагата зависно од резултатите од истрагата. Цело време и на прес-конференциите од страна на раководството и од пратениците оставаме шанса да видиме неселективна и професионална истрага и врз основа на истрагата ќе ги градиме идните ставови на СДСМ, рече Тренчевска одговарајќи на прашањето дали СДСМ ќе ја поддржат идејата на ДУИ за формирање на собраниска Анкетна комисија за неселективна правда за случајот во Кочани.

Од ДУИ, денеска повторно побараа независна истрага за „Пулс“, надвор од рацете на оние што, како што велат, ја овозможиле трагедијата.

– Јасно е дека на Власта не ѝ е потребна правда, туку алиби. Тоа не смее да се премолчи и затоа јавно бараме: Итна суспензија на целата командна структура по вертикала во МВР и Бирото за јавна безбедност, кои знаеле за проблемите со ПУЛС, а не реагирале; Независна истрага, надвор од рацете на оние што ја овозможиле оваа трагедија, со цел да се утврди под чија заштита му е обезбедено на објектот ПУЛС да работи и отворање нов процес против сите оние кои активно работат на прикривање на вистината и креирање монструозни случаи како алиби за вистинските виновници, изјави Арта Билали Зендели од ДУИ.

Во пожарот на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој животот го загубија 59 лица, а речиси 200 беа повредени.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Кочанираспити
Next Post

Тренчевска: Покачување на платите до 15.000 денари

НАЈНОВО

Намален бројот на барања за азил во ЕУ, Германија повеќе не е главна дестинација

September 8, 2025

Летонија нареди 841 руски државјанин да ја напуштат земјата

September 8, 2025

Петмина повредени во сообраќајка на патот Мавровска крстосница – Гостивар

September 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петмина повредени во сообраќајка на патот Мавровска крстосница – Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Атанасовски за Сител: Очекувам победа на Герасимовски во Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија со вмро е како проститутка на масажа во салонот на Мевосекот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поголемиот дел од светот ќе види 82-минутна „Крвава Месечина“ овој месец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk