Случајот со злоупотребата на името и фотографијата на Горан Пандев за партиски цели на ВМРО-ДПМНЕ е само уште една од многуте илустрации за политичката култура што се негува во „белата палата“.
Присвојувањето (крадењето) слогани, пораки, па и луѓе за потребите на партиските агенди не е нова, а последниот пример е само уште една од низата примери. Таков е и случајот со фудбалерот Горан Пандев, чија порака за борба против ширењето на корона вирусот, партискиот агитпроп ја „позајми“ за свои дневнополитички потреби.
Пандев побара неговото име да не се злоупотребува за политички цели.
https://www.instagram.com/p/B-PpPQRiq7P/