ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Кога гласно се брани фотелјата, а тивко умира човечноста

Или: Операција „Спас на задникот, жртвување на вистината“

April 5, 2025 20:25
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Ова што се случува деновиве во земјава е релативизација со епски размери и со висок кремљовски квалитет. Сите едногласно гракаат дека „системот е виновен“ и веќе никој не се ни осмелува да побара одговорност за оние што се директно и непосредно одговорни за нештата. Затоа што, нели, системот е виновен. Секогаш е. Тој мистичен ентитет што ги изеде сите гнили јаболка… Но ги остави фотелјите недопрени.

Тој наратив – системот е виновен – стана алиби за избегнување на одговорноста, замаглување на вистината и покажување со прст кон другите. Дури и одлична можност за властодршците дополнително да се пресметаат со неистомислениците и противниците.

И временски го одредуваат – системот е стар три децении! Значи, не системот пред распадот на Југославија, не длабоко всадената култура на корупцијата негувана од генерации и генерации политички номенклатури и олигарси, туку системот од пред три децении.

Не велам дека системот не е виновен, напротив. Но кога тоа е првата и последната реченица во популистичкиот наратив токму на носители на функции на тој ист систем – тоа е чиста пропаганда за спасување на сопствениот задник залепен на функционерските фотелји. И навреда за здравиот разум! Така, системот станува параван зад кој се крие личната одговорност. За кој тоа систем зборуваат? Тоа е тој систем што го уништуваат истите тие што го запоседнуваат во текот на своите политички мандати, одржуван со администрација во која ги ухлебуваат своите партиски пешадинци и криминални мрежи, и во чија функција се полицијата и судството во кои професионалците се во секојдневна битка со партискиот „гестапо“ во тие структури.

Кога ќе кажете „системот е виновен“, всушност, значи дека никој не е виновен, барем во првиот момент, додека не се соземе – самиот систем! Се работи за децениско алиби за одговорноста, една децениска пракса што премногу потсетува на кремљовските начини за манипулација со масите, само спроведен со примеси на локалните рецепти. И што погласно се напаѓа системот, толку потивко умира одговорноста. И човечноста.

Дојдовме во ситуација во која СИСТЕМОТ очекува од луѓето да слегнат со раменици по секоја ужасна несреќа, да се помират пред вишата сила (системот), а не да ги бараат непосредно и директно, правно, политички и/или морално одговорните (претставници на системот). Тие, пак, што се на врвот на ланецот на политичката исхрана во џунглата, освен што ќе го обвинат системот, ќе ги обвинат сите што им пречат. По можност, барем дел, ако не и повеќето од нив да се припадници на децениски сатанизираната етничка заедница. И додека општеството е шокирано, потресено и ужаснато, фотелјите се зацврстуваат, политичкиот капитал се оплодува, профитите растат, а неказнивоста останува.

Трагично е што жртвите од трагедијата во Кочани, нивните семејства и блиски, но и целото општество, станаа жртви на уште една операција за замаглување на вистината и одговорноста – операција лишена, не само од одговорност, туку и од човечност. Оваа, како и сите претходни трагедии како Модуларната болница, Дурмо турс, автобусот во Бугарија, осамените жртви на сообраќајниците во Скопје, Штип и насекаде низ земјата, и низа други – како и сите идни – ќе продолжат да го собираат данокот во крв, а лицата на собирачите на тој данок ќе бидат покриени со црните маски на… системот.

За спроведување на оваа и други операции за криење на конкретната одговорност зад параванот на општата „историска одговорност на системот“ не е заслужна само политичката класа – заробена во бесчувствително калкулантство – туку и медиумите и креаторите на јавното мислење. Се прашувам, дали се жртви на притисок, на наивност пред пропагандата што ја смислуваат нивни колеги во консултантските куќи и пи-ар одделенијата, или, едноставно, се жртви на сопствената бездушност. Ако воопшто може да се биде жртва на сопствената бездушност. Мислам дека тоа, сепак, е избор – да се биде опортунист, бездушен и себичен. Во стилот – „трагедијата се случи, дај да видам што има тука за мене“.

И што останува по трагедиите? Ништо. Само неозначениот гроб на вистината, плиток, но доволно зарамнет за колективната совест да не се сопне од него. Тогаш, системот ќе застане над колективната јама на општеството, ќе се потпре на лопатата со која ја затрупал одговорноста и ќе се насмевне – победнички, цинично, ладнокрвно. И со следната трагедија, како и со сите претходни, повторно ќе започне новата епизода на „Спас на задникот и фотелјата“, додека телата уште не се оладени, а солзите не се исушени. Бидејќи системот не е нешто апстрактно и недопирливо, туку недопирливи се оние што се кријат зад него.

А кога некој ќе се осмели да ѝ погледне на реалноста в очи, да ја соголи лагата до коска – без филтри, без страв, без партиски диктат – и да ги каже или напише фактите какви што се, тогаш почнува ловот. Пропагандните кербери – бесни, организирани, платени или само дресирани – да го растргнат гласот на разумот и совеста. Да го заглушат, омаловажат, сатанизираат. Тоа е методот. Тоа е хигиената на режимот. Да се уништи секој што носи огледало во кое може да се види грдото лице на вистинската одговорност. Во таа војна против вистината, ништо не е свето – ни жртвите, ни болката, ни животот. Само задникот е недопирлив.

Тие не читаат, не мислат, не чувствуваат – само ги лижат чизмите на господарите и ги касаат посочените мети. Тие не бранат систем, туку го бранат задникот на својот господар. И не го прават тоа од заблуда – туку од корист. Тоа е нивниот дневен оброк, нивната мала сатисфакција во животот што го проживуваат како медиумски паразити со терминално заболен морал.


Текстот е личен став на Авторот.
Next Post

СДСМ избира партиски лидер, Филипче единствен кандидат

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео X

(ВИДЕО) Руска ракета ја погоди амбасадата на Азербејџан во Кијив

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Инстаграм

(ВИДЕО) Автомобил удри во група луѓе во Белград, неколку повредени

November 14, 2025

Автобус удри во автобуска постојка во Стокхолм, има загинати

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Минималната плата да биде 600 или 700 евра: Анкета на ССМ покажува силна поддршка за итно зголемување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk