Граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ најавува нов протест кој ќе се одржи во четврток во 18:00 часот, како продолжение на серијата јавни собири што изминативе два месеца повикуваат на суштински општествени промени и одговорност од институциите.
Во повикот за протестот, иницијативата остро ја критикува состојбата со безбедноста на работниците, неправдата во правосудството, состојбата во образованието и здравството, како и општата институционална незаинтересираност. Велат дека и покрај неколкуте протести, форуми и одржано Народно Собрание, состојбите не само што не се подобриле, туку се влошиле.
„Системот заборава – но ние не забораваме. Ја паметиме секоја траума, секоја лага, секоја неправда. Тоа што нѐ напаѓаат значи дека нѐ слушаат. А вистината ги вознемирува токму оние кои профитираат од нашето страдање“, се вели во соопштението.
Збирно место за собирот е 18 часот пред Влада.
Според најавите од иницијативата потоа ќе се оди до Судски совет, па пред Собрание и Кривичен суд
Ј. Ѓ.