ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пресудата за возачот кој ја прегази Теодора на увид пред Судскиот совет

April 9, 2025 09:25
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Судскиот совет ќе изврши увид во предметот за пресудата за 22-годишната Теодора Ристевска, која беше прегазена во сообраќајна несреќа во Тетово, откако најпрво семејството, а потоа и јавноста остро реагираше на двегодишната казна затвор за возачот во повторената постапка пред Основниот суд во Тетово.

Ова доаѓа откако, премиерот Христијан Мицкоски, вчера го повика Судскиот совет да ја преразгледа работата на судијата. Реакција од Судскиот совет побара и министерот за правда Игор Филков, кој ја коментираше пресудата, истакнувајќи дека довербата на граѓаните во судството е многу ниска.

Семејството на Теодора реагираше на висината на казната и долгото траење на целата постапка. Пресудата предизвика силни реакции и на социјалните мрежи, за целиот процес и премногу „благата“ казна.

По сообраќајната несреќа во август 2022 година, сторителот кој ја прегази 22-годишната Теодора првично беше осуден на три години и шест месеци затвор. Апелациониот суд ја намали казната на две години, но Врховниот суд ги укина пресудите и го врати случајот на повторно судење. Судот во Тетово вчера повторно му досуди две години затвор на сторителот.

Претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски во изјава за МИАвчера рече дека побарале увид во предметот за пресудата за Ристевска, посочувајќи дека доколку има пропусти ќе реагираат.

– Веднаш побаравме да видиме што се случува, предметот е побаран и треба да ни биде испратен. Ќе извршиме увид и доколку има пропусти ќе реагираме, доколку е сè во ред, ќе соопштиме, рече тој.

Премиерот Христијан Мицкоски, вчера изрази згрозеност од ваквата пресуда и порача дека тоа „не е правда, туку целосно потфрлање на системот“ и го повика Судскиот совет да ја преразгледа работата на судијата кој донесе одлука да го казни возачот кој ја прегази младата Теодора Ристевска од Тетово на две години затвор.

– Јавно да прашам, има ли некој во државава кој смета дека тука имаме задоволена правда?! Јас не само што не сметам дека правдата е задоволена, но и како претседател на Владата, како човек и родител на две деца сум силно разочаран. Ова не е правда, и тука имаме потфрлање на системот по сите основи. Знам дека некој ќе ми се налути, ќе излезат и такви полноглавци коишто ќе ме критикуваат после ова што ќе го кажам, но јавно барам од Судскиот совет да се преразгледа работењето на овој судија и уште еднаш да се реализира оваа пресуда, изјави премиерот на конститутивна седница на Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата.

Министерот за правда Игор Филков, коментирајќи ја пресудатана судијата Ељведин Ферати, рече дека „уште еднаш се покажа дека довербата на граѓаните во судството од два отсто не е џабе“.

– Јас ниту смеам, ниту можам да ја коментирам пресудата, но она што секако сакам да го искоментирам е реакцијата на јавноста, а реакцијата на јавноста е оној глас на народот којшто е многу битен, којшто треба да допре до секој од нас, вклучително и до Судскиот совет кој е повикан да реагира. Тие два посто доверба во судството уште еднаш се покажа дека не се џабе, рече Филков, одговарајќи на новинарски прашања по средбата со неговиот црногорски колега Бојан Божовиќ.

Судијата Ељведин Ферати, дополнително беше критикуван во јавноста и поради сомнежи за неговиот интегритет дека си ги поправал оценките на Тетовскиот универзитет со пречкртување. Државниот просветен инспекторат минатата година утврдил неправилности во неговите оценки, што доведе до предистрага од Скопското јавно обвинителство.

Tags: Возачпресудасудски совет
Next Post

МФ: Усвоена дополнета Среднорочна програма за стоковните резерви – ќе се складираат 1300 тони ориз со кои се покрива 60-дневна потрошувачка

НАЈНОВО

Фото: МВР Србија

Масовен студентски марш кон Нови Сад, една година без одговорност за падот на настрешницата

October 31, 2025

Утре гласаат болните, в недела втор круг локални избори во 32 општини и Градот Скопје

October 31, 2025

Национализам, етнички тензии и популизам: Етничката карта ја обои трката пред вториот круг

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Управниот одбор на Комунална хигена до Арсовска: Сите ингеренции и надлежности да назначувате и разрешувате директори ги имате исклучиво вие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk