ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Уличарскиот вокабулар на Мицкоски, огледало на политичката (не)култура во земјата

April 9, 2025 14:05
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

Употребувајќи уличарски речник, несоодветен за еден премиер, а згора на тоа и  професор ( без да навлегуваме на кој начин „асистентот на тато“ стигнал до оваа академска титула), Христијан Мицкоски, ги нарече „полноглавци“ сите оние што му забележаа дека неговата реакција пред камерите по пресудата од две години за човекот што ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска, е чист популизам и користење на трагедијата за собирање ситни политички поени.

„Ова не е правда и тука имаме потфрлање на системот по сите основи. Знам дека некој ќе ми се налути, ќе излезат и такви полноглавци коишто ќе ме критикуваат после ова што ќе го кажам…  кажа Мицкоски.

За жал, ова не е прв пат Мицкоски на овој начин да ја презентира својата политичка култура. Навредите кон политичките противниците, кои му беа заштитен знак во периодот кога беше опозиционер, сега се проширија и врз граѓаните, младите, студентите, сите оние кои мислат поинаку и не се вклопуваат во неговата матрица на „послушни“   во земјава. Премиерот, само една недела по трагедијата во Кочани, коментирајќи ги најавите за протестите по трагедијата во Кочани, граѓаните кои бараа одговорност и неселективна правда  ги нарече политички глодари, лешинари, „оние коишто не сакаат силна Влада од ВМРО, бидејќи е браник и последниот столб да не дозволи уништување на Македонија, како држава.“

Освен на пресови, каде си зема за право ги учи новинарите како да поставуваат прашања, и се заканува со „влечење за уши“, Мицкоски со уличарскиот вокабулар се расфрла и во официјални настапи, на телевизиски интервјуа, дури и во парламентот, каде на пратеници им се обраќа со личното име во деминутив.

Дополнително, ваквото недолично обраќање на Мицкоски, особено кога доаѓа од позиција на премиер, претставува говор на омраза, кој потоа преку партиските ботови се шири на социјалните мрежи.

Уличарскиот вокабулар на Мицкоски е огледало на политичката (не)култура во земјава, што потоа се пресликува во останатите сфери на општествениот живот, придонесувајќи за ерозија на вистинските морални вредности.

Преземено: Цивил Медиа


Текстот е личен став на авторот
Next Post

СДСМ: Зошто не е проширена истрагата за Кочани?

НАЈНОВО

фото: Елбит Системс

Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

August 18, 2025

Пред средбата со Трамп, Зеленски ќе разговара со европските лидери во Вашингтон

August 18, 2025

Босански медиуми: Милорад Додик повеќе не е претседател на Република Српска, Судот на БиХ ја отфрли неговата жалба

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk