ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Ненамерен пропуст или геополитичка калкулација: Зошто Северна Македонија ја нема во регионалната НАТО иницијатива со Хрватска, Албанија и Косово?

April 9, 2025 14:41
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Хрватска, Албанија и Косово потпишаа заедничка декларација за соработка во одбраната на 18 март во Тирана. Се работи за документ според кој земјите потписнички се договараат за „зајакнување на одбранбената и безбедносната индустрија, зголемување на воената интероперабилност преку заеднички обуки и вежби, спротивставување на хибридните закани и зајакнување на стратешката безбедност и поддршка на евроатлантската интеграција“. Притоа, беше нагласено дека оваа одбранбена иницијатива во рамките на НАТО „е отворена за други земји“.

Декларацијата што ја потпишаа овие три земји од регионот предизвика крајно нервозна реакција од српскиот претседател Александар Вучиќ, кој во ова гледа провокација и „отворена трка во вооружување“. Се пожали дека со тоа се крши Субрегионалниот договор од 1996 година (член 4 од Дејтонскиот договор) за контрола на вооружувањето. Понатаму, тој се бунтува што Белград не е консултиран за формирање на „воен сојуз“.

Логиката – ако воопшто постои – во реакцијата на српскиот автократ е препознатлива. Неговата реторика е идентична на онаа што со децении ја слушаме од Кремљ. Земја што континуирано се вооружува и самата е производител на оружје и муниција што се продава насекаде низ светот, се претставува себеси како жртва. Исто како Москва, Белград манипулира со фактите, ја замаглува реалноста и гради наратив со кој го прикрива сопствениот хегемонизам и агресивната политика. Класична руска пропагандистичка матрица.

Но, оваа димензија на приказната е само дел од поширокиот контекст. Клучното прашање за нас е:

Зошто Северна Македонија не е дел од оваа иницијатива?

Му го поставив ова прашање на проф. Оливер Андонов кој во краткиот, но концизен 6-минутен разговор објасни дека станува збор за важна регионална иницијатива која несомнено се однесува на стабилноста и безбедноста во регионот. Без колебање, Андонов рече дека Северна Македонија треба да биде дел од оваа иницијатива. Но, исто така нагласи дека на прашањето зошто тоа не е случај, треба да одговорат „авторитетите во политиката и одбраната“.

Токму затоа, ова прашање го адресирам директно до Претседателката на државата и врховен командант на вооружените сили, Нејзината Екселенција Гордана Силјановска Давкова, Претседателот на Владата, г. Христијан Мицкоски, Министерот за одбрана, г. Владо Мисајловски, и Министерот за надворешни работи, г. Тимчо Муцунски.

Јавноста има право да знае. Во време на сериозни геополитички турбуленции и безбедносни ризици, ова прашање добива уште поголема тежина. Ако сме сведоци на тивко повлекување од евроинтегративниот пат – исто така алармантен процес за кој нема објаснување од политичката елита – тогаш барем треба да се обезбеди стабилноста на она што веќе сме го постигнале: членството во НАТО.

Ако институциите и лидерите немаат или не сакаат да понудат одговор, тогаш неизбежно се поставуваат уште потешки прашања:

  • Постојат ли „црвени линии“ на релации што јавноста не ги знае?
  • Дали едниот крај на тие линии е во Белград, или тоа е само релејна станица за Москва?

Ако властите и политичките лидери изберат да молчат пред домашната јавност, неизбежно ќе дојде моментот кога ќе мораат да одговорат – пред НАТО.

И тоа нема да биде лесен одговор.

Преземено: Цивил Медиа


Текстот е личен став на Авторот.

Видео и транскрипција од разговорот со проф. д-р Оливер Андонов:

Next Post
Фото: МИА

Затворски полицајци помагале на затвореник да пронајде топка со дрога префрлена во затворот, рекле бараат часовник што го зела кучката Цеца

Најново

Жерновски: Лажните патриоти во Владата на Мицкоски се веќе во ЕУ, затоа што имаат бугарски пасоши

April 25, 2026
Фото илустрација: СКРМ

СКРМ повикува на протест на 28 април: „Кога гасите уметници – го гасите светлото“

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026

Николоски: Заради блокадата на малкумина прилепски буџувани, државата губи до стотина милиони евра

April 25, 2026

Филипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

April 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk