Проф. д-р Даниловски: Ниедна инхалација не спасува од корона вирусот. Вирусот влегува во носот или во ждрелото, а може да влезе и во очната слузокожа. Ако вирусот се врзе за АЦЕ2 рецепторите во слузокожата на носот и во ждрелото, вие можете каква сакате вода да пиете, жешка или ладна или да правите гаргара со сода бикарбона. Нема сила која може да го извлече од внатрешноста на клетките во кои тој пенетрирал, се врзал за тие рецептори. И ништо живо оттаму не го трга – објаснува проф. Даниловски.