ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мисајловски и Лафчиски на симулациска вежба на Командата на СЕЕБРИГ во Велес и на теренски вежби на Криволак

April 10, 2025 14:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генерал штабот на Армијата, генерал Сашко Лафчиски денеска присуствуваат на вежбата „Seven Stars 25“ која се реализира во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес каде е сместена и Командата на Бригадата на Југоисточна Европа – СЕЕБРИГ, додека теренските вежби се одржуваат на Армискиот полигон Криволак.

-Денеска можевме да видиме како заеднички се справуваат со сите ризици, но и симулација како се справуваат. Вежбата продолжува на Криволак, каде ќе видиме и теренски активности. Преку 200 луѓе директно учествуваат во оваа вежба, и може да видиме како заеднички се справуваат со сите несакани појави, но и потоа како да се воспостави мир што е многу важно, изјави Мисајловски по симулациската вежба.

На овој начин, додаде, се подобруваат и способностите на нашата армија, но секако и правиме интероперабилност со останатите армии.

Прецизира дека на вежбата покрај нашите, учествуваат и војници од Албанија, Бугарија, Грција, Романија и Турција.

Началникот на Генералштабот, генерал Лафчиски ја оцени симулациската вежба како успешна и додаде дека интероперабилноста меѓу сите учесници била на завидно ниво.

-Беше постигнато се она што беше врзано со самото сценарио да се покаже интероперабилност и во исто време да се покаже координацијата и начинот на командувањето и контролата од Штабот на бригадата со единици. Се надеваме дека и за време на теренската вежба сите цели ќе бидат исполнети со цел да имаме убав завршеток на вежбата, рече Лафчиски.

Нагласи дека согласно сценариото во најголемиот сегмент на теренската вежба ќе учествуваат единици од земјата домаќин, односно од македонската армија, поконкретно вториот баталјон.

-Ќе решаваат задачи согласно сценариото – патролирање, неколку конторлни точки, реакција на контакт. Воглавно тоа се неколку настани во кои ќе има одредени инциденти, коишто припадниците на Армијата, кои се дел од оваа вежба, ќе треба да ги решат, појасни Лафчиски.

На теренската вежба, додаде, 90 проценти се учесници од вториот баталјон, значи од македонската армија, а командата и контролата ќе ја има мултинационалниот штаб на СЕЕБРИГ.

Next Post
Foto: Wikimedia Commons

По укорот од Калас, Додик нуди договор и замрзнување на новите закони во Собранието на РС

Shortcut

Најново

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

Мисајловски на свечен собир по повод Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за вработените

August 17, 2026
Wild Fire - photos by Vecteezy

Огнено лето 2026: Екстремни пожари и климатски промени

August 17, 2026
Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk