ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Д-р Трпчевски: Драги битолчани, ми фрливте анатема за корона вирусот, најверојатно сум го добил од пациентка, а првиот тест беше негативен

Ми фрливте анатема за корона вирусот, ме издвојувате од заедницата и ме предавате на милост или божји суд .Читам најразлични коментари од исмејување, цинизам, па дури и непристојности. Ги ширите вашите негативни коментари побрзо и од корона вирусот, а некои и дури како да чувствуваат задоволство.

March 28, 2020 21:18
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Доктор Христијан Трпчевски денеска преку неговиот Фејсбук профил им се обрати на јавноста.

„Почитувани битолчани, мои сограѓани.

Ми фрливте анатема за корона вирусот, ме издвојувате од заедницата и ме предавате на милост или божји суд .Читам најразлични коментари од исмејување, цинизам, па дури и непристојности. Ги ширите вашите негативни коментари побрзо и од корона вирусот, а некои и дури како да чувствуваат задоволство.

Ќе ви раскажам што всушност се случи, како поука за секого и пример како да се однесувате ако се посомневате дека сте го добиле овој вирус. Нормално во епидемиолошката анкета треба ретроградно да го вратите филмот со кој сте контактирале, кај сте биле, со кого сте се задржале повеќе од 15 минути итн.

Во последните 60 дена знам дека мојата релација на движење била Болница „Плодност“- дома и обратно (едната од другата раздалечени најмногу 300метри) и никаде на друго место. Тоа значи дека вирусот е добиен од некоја пациентка која била на преглед и покрај почитувањето на сите епидемиолошки мерки во нашата болница (дезинфекција на раце, носење маски и визири и да не зборувам за нон стоп бришењето на подовите и другите површини со дезинфекциони средства).

Патем да споменам дека последните 3 недели значајно ги редуциравме прегледите интервенциите и операциите (освен хитните) но не и раѓањата. Се правеше строга контрола на пациентките, влегуваа без придружба на влезот, задолжително вршеа дезинфекција на рацете а на подот за дезинфекција на чевли е поставен специјален бришач со хемиски средства ,без никаква посета на стационираните пациентки.
Во еден ваков амбиент некој асимптоматски носител може да го пренесол вирусот и не постои начин како да се одбраните, а кога ќе го добиете наместо да се браните од вирусот кога ви е најтешко, Вие се браните од коментарите на сите оние кои се завидливи и злонамерни.

Пред 6 дена во неделата почувствував малаксалост и мал напад на треска кој траеше 30 мин .Имав температура 38. Ја купирав со Парацетамол. Наредниот ден утрото инсистирав да ми се направи тест за присуство на корнона вирус. Тестот беше направен и беше негативен. Наредниот ден трет по ред, повторно добив температура 38.5 со трески малаксалост и болки во мускулите, истите поминаа со парацетмол и траеја 1 час. Ден четврти бев во одлична здравствена состојба без трески и температура но останав во домашен карантин.

Петтиот ден добив температура 37.5 без трески без кашлица, со чувство на слабост на организмот(типична грипозна состојба). Тоа траеше само половина час. Чувството дека мора да исклучам евентуално постоење на корона вирус ме натера да одам во Филип Втори каде ми е земен брис од нос и грло кога се покажа дек сум корона позитивен. На шестиот ден немав никакви симптоми и тегоби. Сега доаѓам и до заклучокот дека ако не инсистирав на второто тестирање за КОВИД19 (а имав оправдување дека имав негативен тест), ќе поминеше како грип.

Од сево ова почитувани сограѓани извлечете заклучок: Колкава била мојата совест за да спасам многу луѓе и пациенти со кои би се среќавал во текот на денот. Мој совет за сите Вас – со оглед на тоа дека болеста има 4 клинички слики (лесна средна тешка и најтешка) при најмал сомнеж за добивање на овој вирус, бидете упорни, тестирајте се, за да исклучите негово постоење. Само така ќе спасите многу животи. Јас се тестирав и покрај тоа што ми е лекарска обврска да спасувам животи, спасив многу животи на поинков начин.

Направете го и Вие тоа. Ќе бидете херои. Да ми сте здрви и живи за „на век“ пишува во своето обраќање до јавноста Христијан Трпчевски.

 

Next Post

Уште двајца заразени во Црна Гора, вкупно 84 лица позитивни на корона вирус

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис (27 април): Активирање на продуктивноста и аналитичкиот ум

April 26, 2026

Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов

April 26, 2026

(ВИДЕО) Историја во Лондон: Саве ја проби границата „под два часа“ и постави нов маратонски стандард

April 26, 2026

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите 8 и 10

April 26, 2026

Ристески: Општина Аеродром троши 138 милиони денари за „сокачиња“, тендерот повторно кај омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk