ДЕНЕС е историски ден за иднината на РС Македонија и горд ден за сите нас. Вашето пристапување ќе донесе поголема сигурност на Западен Балкан, вели генералниот секретар на НАТО Столтенберг во видео клипот по повод членството на РС Македонија во НАТО.
УСПЕШНО се одвива процесот на извлекување од Дебар на лицата кои во изминативе 14 дена беа во самоизолација и кои сега го напуштаат градот.“, се вели во соопштениетот на МВР.
МИЦКОСКИ не е подготвен да се откаже од ништо, не е подготвен да се откажат од годишното финансирање на партиите од буџетот на државата, дури ни за сметка на здравјето на граѓаните, вели пратеникот на СДСМ Хари Локвенец.
ВО однос на случајот со вчера починатата од Струшко, која не била хоспитализирана, според информации на Инфективното одделение во Охридската болница, сакам да ве информирам дека утре ќе биде разрешена директорката, ќе биде поставен нов директор, истакна Филипче.
ИЗМИНАТИТЕ 24 часа, како што информираше Филипче, има 18 новодијагностицирани случаи, со што вкупната бројка на дијагностицирани во земјава изнесува 259 лица. Со новите случаи до денеска од Ковид-19 починале шест лица.
МАКПЕТРОЛ АД одлучи да го стави на располагање хотелот „Макпетрол“ во Маврово, кој располага со сместувачки капацитет од 40 двокреветни соби за граѓаните којшто ќе користат легло за изолација или карантин.
СЛОВЕНИЈА со уникатен начин за помош на малите бизниси.
ВО Хрватска е регистриран и првиот политичар позитивен на Ковид-19. Градоначалникот на Солина, Далибор Нинчевиќ синоќа на Фејсбук објави дека е инфициран со новиот коронавирус.