Студентско пленумско движење утре организира мирен собир на платото на УКИМ.
Собирот го најавија во 17 часот, во 17:30 часот планирано е да се упатат кон Основниот кривичен суд, а таму да одржат 62-минутен молк.
Во сабота се навршуваат 40 дена од злосторството во Кочани. Огнот и отровниот чад во Пулс одземаа цела генерација младост на еден град. Пролетта во него пристигна завиена во црно. Ве повикуваме во петок, на 25.4.2025 година на мирен собир преку кој ќе оддадеме достојна почит на врсниците кои веќе не се меѓу нас и поддршка на нивните фамилии, велат од Студентското пленумско движење.
View this post on Instagram
Тие преку објава на нивниот Инстаграм профил замолија собирот да остане достоен и мирен. И апелираат да не се дозволи оваа трагедија да се заборави.