Властите во Москва наредија целосно затворање на градот и ограничување на нормалното функционирање на 12.5 милиони жители на Москва.
Овој потег е најлогичниот чекор досега за искоренување на ширењето на корона вирусот, и следи само неколку дена откако претседателот Владимир Путин прогласи една недела „без работа“ за цела држава.
Од денес, понеделник 30 март, московјаните нема да смеат да ги напуштаат своите домови. Исклучоци се само клучните работници, медицинскиот персонал, а исто е дозволено и пазарење во маркети и аптеки. Милениците смеат да се шетаат до 100 метри од дома, а истото растојание важи и за фрлање ѓубре.
Влез и излез од Москва ќе биде сѐ уште дозволено, но за секое друго движење низ градот ќе бидат потребни посебни дозволи.