ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кузеска: Власта со сите можни инспекции врши притисок врз градоначалниците на СДСМ

April 27, 2025 12:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

– Непосредно пред локалните избори, иституциите под контрола на власта на ДПМНЕ, координирано вршат притисок врз градоначалниците од СДСМ. Сите можни инспекции, различни сектори под контрола на МВР, инспекторати и многу други институции буквално ги имаат окупирано општините водени од градоначалници на СДСМ. Власта оди дури и до таму, да врши притисоци и врз членови на потесните семејства на градоначалниците, со незаконски прераспределби од работното место надвор од местата на живеење, изјави на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Овој притисок, додаде Кузеска, е селективен и тенденциозен — насочен исклучиво кон општините каде што градоначалниците се од СДСМ, додека во општините под контрола на ДПМНЕ нема никакви контроли.

„Очигледно целта на власта е од позиција на сила да ги заплаши актуелните градоначалници на СДСМ пред изборите, да им врши притисок и во крајна линија да им ја опструира нивната работа. Ова е класичен пример за злоупотреба на државните институции во партиски цели од страна на ДПМНЕ. Ова не е само напад избраните градоначалници на слободни избори туку напад врз демократијата и врз основните принципи на владеење на правото. СДСМ најостро го осудува овој политички притисок на власта и бара веднаш да престане! Ќе ги искористиме сите механизми на располагање, и на домашен и на меѓународен план, за да го заштитиме интегритетот на нашите градоначалници и правото да работат без притисок и закани. За разлика од градоначалниците на ДПМНЕ кои не ги исполнија своите ветување и за 4 години не сработеа ништо, градоначалниците на СДСМ се пример за отчетно, транспарентно и одговорно работење во интерес на граѓаните“, истакна Кузеска.

Таа нагласи дека Власта треба да знае дека со злоупотреба на институциите, со притисок, не може ниту да не замолчи ниту да не заплаши.

„Ги повикуваме сите надлежни тела, како и меѓународната заедница, да го следат внимателно овој процес и да застанат во одбрана на демократските стандарди во земјава“, наведе Кузеска.

 

 

Tags: властВМРО-ДПМНЕГрадоначалнициКузескапритисокСДСМ
Next Post

Фудбалски легенди на Македонија и Бугарија во Варна на хуманитарен натпревар за Кочани

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk