ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Повеќе од 30 илјади евра собрани на хуманитарната Аукција на уметнички дела за настраданите во Кочани

April 27, 2025 13:00
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ТРАГЕДИИ

Одличен интерес покажаа учесниците на аукцијата на уметнички дела од хуманитарната изложба за настраданите во „Пулс“, што се одржа синоќа во ЦК „Бели мугри“ во Кочани.

По едноминутниот молк како почит за загинатите во пожарот, на аукцијата што ја водеше актерот Благој Веселинов, беа претставени шеесетина уметнички дел од над 140 што се најдоа на изложбата.

На настанот на кој присуствуваше претседателката Гордана Сиљановска Давкова, лидерот на СДСМ Венко Филипче, како и стопанственици, политичари, градоначалници, уметници и граѓани, беше нагласено дека целта е да им се помогне на сите кои се засегнати од трагедијата, за полесно да ги надминат последиците.

– Добро ќе беше никогаш да не се собереме за да прибираме финансиски средства и да помагаме на ваков начин. Уметноста и сликарството да нѐ споеја на поинаков начин, но секоја подадена рака во овој хуман настан за нас значи многу. Благодарение на сите, на учениците од Школата за цртање и сликање и на волонтерите кои се вклучија во организацијата, настанот дојде до степен на сериозност и ова е само почеток на еден пат за собирање средства што долгорочно ќе им се потребни на сите засегнати од овој пожар, истакна Александра Димитрова, раководителка на Школата за цртање и сликање прио ЦК „Бели мугри“.

Над 1,8 милиони денари (околу 30.000 евра) се собрани на хуманитарната аукција на уметнички дела за помош на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, соопшти иницијативата „Support Kocani“.

Аукцијата помина успешно и најголем дел од понудените уметнички дела дoбија нови сопственици и се продадоа по повеќекратно наддавање, при што за дел од нив беа понудени и по неколку десетини илјади денари. Највисок износ од 300 илјади денари беше постигнат за ликовно дело на уметникот Михаил Корубин.

Димитрова нагласи дека делата што не се продадоа на аукцијата, во соработка со SupportKocani, ќе бидат објавени во дигитална форма и ќе се понудат на електронска аукција, за да можат да учествуваат и наши граѓани од дијаспората, кои исто така покажале интерес да помогнат на овој начин.

Tags: Аукцијауметнички дела
Next Post
Фото: Генерирано со ВИ

Франциск - Папата што правеше разлика во црквата и светот што му се поклони

НАЈНОВО

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

August 16, 2025

Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина

August 16, 2025
Фото: Скриншот

Трамп: Претпоставувам ќе има средба помеѓу Зеленски, Путин и мене

August 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јулија Навалнаја до Путин: Ослободете ги сите политички затвореници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk