ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Потпишан договорот за изградба на гасниот интерконектор со Грција

May 7, 2025 15:49
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

НОМАГАС АД Скопје денеска потпиша договор со кумановската фирма Рапид Билд Доо за изградба на гасниот интерконектор со Грција, на потегот од Гевгелија до Неготино во должина од 68 километри, со кој се предвидува целосно да биде готов во рок од 22 месеца и да биде ставен во функција во 2027 година.

Изградбата на интерконекторот е финансирана од Владата, Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а чини 59,9 милиони евра или 12 милиони помалку од првичната цена на поништениот тендер.

-Со потпишувањето на договорот за изградба на македонскиот дел од гасниот интерконектор го означуваме почетокот на најголемата енергетска инвестиција во изминатите 10 години. Тој е израз на нашата заложба за енергетска безбедност, диверзификација на снабдувањето и заштита на интересите на граѓаните и економијата. Се работи за 68 километри модерна инфраструктура што ќе не поврзи со Грција, но многу поважно е дека ќе ја поврзе нашата земја со европските енергетски пазари и вредности. Со овој интерконектор отвораме врата за нови можности за граѓаните, за индустријата и за локалните самоуправи, рече министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска пред потпишувањето на договорот во просториите на Министерството.

Нагласи дека денешниот чин на потпишување докажува дека кога постои политичка волја, регионална доверба и професионална посветеност, резултатите се опипливи и реални.

– Проектот е плод на тесната соработка со нашите партнери од Европската комисија, ЕИБ и ЕБОР. Со нивна поддршка преку  грантови, техничка помош и поволни заеми обезбедивме финансиска конструкција за реализација на овој проект. Со тоа конечно ќе имаме алтернативен влез за природен гас, ќе имаме поголема сигурност, повеќе извори и помала зависност од единствен снабдувач што се темели за вистинска енергетска независност, рече Божиновска и додаде дека природниот гас ќе придонесе за намалување на загадувањето и е чекор напред кон поздрава и поквалитетна животна средина.

Бјорн Габриел од ЕИБ рече дека изградбата на интерконекторот ќе придонесе за интеграција на земјава во европскиот енергетски пазар.

– ЕИБ ги финансира и грчкиот и македонскиот дел од гасниот интерконектор. За македонскиот дел финансираме 28,9 милиони евра. На тоа треба да се додадат грантовите од 2,5 милиони евра за техничката подготовка на проектот и 9,9 милиони евра од ЕУ. Мило ми е што денеска се потпишува договорот со македонска компанија изведувач што покажува дека и македонските компании може да бидат конкурентни во интернационалните проекти, рече Габриел.

null

Претставникот на ЕБОР  Фатих Туркменоглу посочи дека станува збор за важен проект за енергетската инфраструктура во земјава и додаде дека е среќен што се дел од него. – Остануваме посветени да помогнеме и во идни вакви проекти, рече Туркменоглу.

Според извршниот директор на НОМАГАС АД Мухамед Елмази, со потпишувањето на договорот се формализира изградбата на еден од најважните проекти за енергетската иднина и стабилност како за нашата држава, така и за регионот. – Посебно е значајно што само за неколку месеци успеавме да ги комплетираме сите процедури за реализација на проектот, рече Елмази и додаде дека фактот што договорот се потпишува со домашна компанија укажува на капацитетот и понудата на домашниот пазар.

Тони Каранфиловски од Рапид Билд Доо рече дека не беше лесно да се дојде до моментот на потпишувањето на договорот, бидејќи имаше многу силна конкуренција од странство.

– Успеавме да ја добиеме работата зашто понудивме најниска цена. Можеме да ветиме дека ќе работиме многу, ќе работиме посветено и максимално ќе се фокусираме да завршиме квалитетно и навремено во рокот предвиден за градба. Тоа можеме да го ветиме денеска, а со работа на терен почнуваме веќе од утре иако веќе од претходно започнавме со разработка на предметот и прибирање на документација, рече Каранфиловски.

Во одговор на новинарско прашање посочи дека гаранција дека навреме ќе го реализираат проектот се веќе завршените и пуштени во работа четири магистрални гасоводи, од кои еден во Бугарија.

-Опремени сме, спремни сме и имаме се што е потребно за изведба во нашата компанија и си ја знаеме работата. Ризик за ненавремено завршување на проектот може да биде само ненавремената експропријација на некој дел од трасата, потенцира Каранфиловски.

Tags: гасен интерконектор
Next Post

Авторитарните тенденции се во подем – времето за дејствување е сега: Вовед во клучниот документ со препораки на глобалната иницијатива „Одбрана на демократијата“

Shortcut

Најново

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026

Самит за Крим во Њујорк: Политичкиот прогон, милитаризацијата и деокупацијата во центарот на меѓународната агенда

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Броила, „Руднап“ и 13,2 милиони евра: Каде лежи зајакот во судирот Божиновска – СДСМ?

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026

Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

September 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk