ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Србија 44 нови случаи на корона вирус, 3 смртни случаи денес, вкупно 785 заразени и 16 починати

Досега вкупно се хоспитализирани 540 пациенти, од кои 62 лица кои се водат како тешки случаеви и ставени се на респиратор, изјави на прес конференцијата Кон, кој додаде дека 33 позитивни лица со лесна клиничка слика од вчера почнале да се сместуваат и во привремената болница на Белградскиот саем.

March 30, 2020 17:40
in ПАНДЕМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Србија во изминативе 24 часа дупло е зголемен бројот на тестирни лица и од 622 новотестирани, позитивни на корона вирусот се 44 лица, со што од 3084 тестирани вкупниот број на заразени со корона вирус се искачи на 785 лица, изјави на денешната владина прес конференција епидемиологот Предраг Кон.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Кон кажа дека денес се починати уште три лица, жена во КЦ Војводина во Нови Сад родена 1939 година, и две лица во болниците во Белград, родени 1948 и 1974 година, со што бројот на починати од оваа епидемија се искачи на 16 лица.

Според Кон, од 16 –те смртни случаи, 9 се мажи и 7 жени, со вкупна просечна старост од 66,7 години, а процент на смртноста изнесува 2,04.

Досега вкупно се хоспитализирани 540 пациенти, од кои 62 лица кои се водат како тешки случаеви и ставени се на респиратор, изјави на прес конференцијата Кон, кој додаде дека 33 позитивни лица со лесна клиничка слика од вчера почнале да се сместуваат и во привремената болница на Белградскиот саем.

Тој според намалувањето на бројот на заболени кажа дека има крајно умерен оптимизам.

-Опаѓа бројот на заболени во последните два дена, што не е лошо, но не смееме да се залажуваме, ова е многу краток период, кој сепак дава надеж, кажа Кон.

Досега во Србија вкупно се хоспитализирани 540 пациенти, 62 лица кои се водат како тешки случаеви ставени се на респиратор, изјави на прес конференцијата Кон.

Поради долгиот период на чекање на резултатите од тестирањата, некогаш и до 5 дена, и проблематичната валидност на дел од тестовите, на прес конференцијата беше кажано дека владиниот кризен штаб бара решение за овој проблем, со кое наскоро ќе излезе пред јавноста.

Kорона вирусот е регистриран во над 35 градови во Србија и според досегашните податоци најмногу заболени има во Белград-352 лица, Ниш има 59, Ваљево има 50 заразени граѓани, Чуприја 49, Крагуевац има 21 лица со потврден корона вирус, Крушевац има 20, Врање 16, Суботица 15, Чачак 12, а Кикинда, Ужице, Зајечар, Панчево и другите градови имаат помалку од 10 потврдени случаи.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера на ТВ Прва најави дека доколку не се почитуваат владините мерки ќе воведе 24 часовна забрана за движење.

Од денес сите поголеми маркети и продавници го ускладија работното време согласно полицискиот час и ќе работат од 07 до 15 часот во работните денови, а за викендите од 07 до 13 часот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Слика на Ван Гог украдена од музеј во Амстердам

НАЈНОВО

„Дон Кихот во Скопје“ – концерт, изложба и промоција на книга за деца

October 21, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 21 октомври

October 21, 2025

Ралф Фајнс и сенката на злото: Вистината и митовите за улогата во Шиндлеровата листа

October 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ загуби фантастични 140.000 гласови, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значително намалена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 21 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ падна 135.000 гласови, ЗНАМ најголем губитник, Левица и СДСМ со благ пад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk