Пишува: НИКОЛА ПИСАРЕВ
Меморијален мултимедијален центар во Кочани – зошто да не.
Пред некој ден бев до Кочани разговарав со разни луѓе сите разочарани и гневни, вчера Кочанчанец се врза за бандера на сред плоштад во Скопје во знак на протест, денеска во Кочани ќе се протестира. Државата се фали дека нешто прави а всушност не прави ништо сериозно, кочанчани викаат не заборавија комплет.
Паралелно владата деновиве сака да купиме нов владин авион.
Ако ги земеме светските историски искуства она што на Кочани му треба е некаков тип на современ (можеби меморијален) мултимедијален центар каде Кочанчани а особено помладите кои изгубија пола генерација ќе имаат можност да следат, но уште повеќе да креираат културни, уметнички, образовни и кон заедницата ориентирани програми и тоа на долгорочно ниво со сигурно финансирање во наредните барем 30 години.
Парите од авионот за владата се таман, таков центар се гради од нула за 3-4 милиони евра. Тој објект мора ги има следните карактеристики: мала кино сала и сала за камерни претстави (може истата по пример на кино Фросина во бивш МКЦ), концертна сала, простор за дебати и разговори, кабинети односно простории за креативно делување, ателјеа, мала музејска поставка посветена на не заборавот на трагедијата, уредена кафетерија и голем двор со отворена сцена и спортски содржини. Сето ова се прави за 3-4 милиони евра да изгледа како во Шведска (секако ако не се краде)
Остатокот од авионот треба да се инвестира во сериозна програма и активности од грубо 1 милион евра годишно. Што значи градба и програма за 30 години некаде 35 милиони евра отприлике колку што е fucking авионот за влада.
На ваков начин со создавање на меморијален мултимедијален центар Кочани ќе има шанса да преживее и да ги зацели раните, во спротивно сите остануваме соучесници во трагедијата.
Ако нема пари државата (а има) нека свика меѓународна донаторска конференција со точно барање за ваков центар и негова програма – сигурен сум дека ако властите ветат дека нема да крадат и овозможат механизам за контрола ако не друг ЕУ ќе изнајде средства да ја покаже европската солидарност.