Израелската Влада одобри продолжување на преговорите во Доха за ослободување на заложниците, при тоа истакнувајќи оти Израел е посветен на рамковниот предлог на американскиот пратеник за Блиски Исток, Стив Виткоф.
Рамковниот предлог предвидува примирје околу 40 дена во замена за ослободување на преостанатите 25 живи израелски заложници, кои Хамас ги држи во Појасот Газа.
Но, Израел е против секој договор кој би гарантирал сериозни преговори за завршување на војната, освен ако Хамас не се согласи на сите опции, како што е напуштање на Појасот Газа.
Според неименувани извори, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху наредил за време на преговорите во главниот град на Катар да не бидат прекинати нападите на израелската армија врз палестинската енклава.
Нетанјаху одлучи да испрати делегација во Доха по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп и состанокот со Виткоф американскиот амбасадор во Израел, Мајк Хакаби.