ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Муртезани: Продлабочувањето на економската соработка со Турција е од клучно значење

May 16, 2025 13:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Продлабочувањето на економската соработка со Турција, особено во делот на инвестициите, дигиталната економија, зелените технологии и инфраструктурното поврзување, за Северна Македонија се од клучно значење. Веруваме во принципот на меѓусебна комплементарност, не како реторика, туку како модел за конкретни резултати. Северна Македонија нуди стабилност, пазарна предвидливост и европска перспектива, а Турција носи искуство, капитал и регионална мрежа. Оваа комбинација е наша заедничка шанса и треба да биде искористена  рече денеска министерот за европски прашања, Орхан Муртезани.

Во обраќањето на 9. Балкански економски самит во Скопје, Муртезани напомена дека односите помеѓу Северна Македонија и Турција се искрени, динамични, стратешки и ориентирани кон иднината.

-Не станува збор само за добри односи, туку за заедничко разбирање на регионалниот контекст, за заемна поддршка во клучни моменти и за координирани чекори во иницијативите од заемен интерес. Нашата билатерална соработка опфаќа широк спектар: од висока политика и одбрана, преку економија и трговија, до образование и културна размена. Турција е еден од најзначајните странски партнери во економскиот развој на нашата земја, но уште поважно, таа е партнер што вложува долгорочен интерес во стабилноста и напредокот на целиот регион, истакна министерот.

Според него, овој настан претставува уште една потврда за силните и пријателски врски кои ги поврзуваат Република Северна Македонија и Република Турција.

-Овие односи, кои се длабоко вкоренети во нашата заедничка историја и култура, денес се манифестираат преку интензивна соработка во многу области, вклучувајќи ја и економијата. Денешниот собир под гостопримството на РУМЕЛИСИАД, не е само платформа за економски дискусии, туку е и потврда за динамичната поврзаност на нашиот регион. Лично, како некој кој имал можност да студира во Турција, длабоко ја ценам блискоста и поддршката што нашите две земји меѓусебно си ја даваат, рече Муртезани.

Министерството за европски прашања, дополни, е посветено на креирање поволна бизнис клима и на унапредување на европските стандарди во домашната економија.

-Работиме на подобрување на регулаторната рамка, намалување на бирократијата и обезбедување транспарентност и предвидливост за инвеститорите. Северна Македонија е цврсто на патот кон европската интеграција, а економската соработка и странските инвестиции се клучни за постигнување на оваа стратешка цел, подвлече Муртезани.

Next Post
МИА

Поранешните директори на Клиничката болница во Тетово осудени на година ипол затвор за пожарот во Модуларната болница

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk