Денеска ќе се спроведе втор третман на ларвицидна дезинсекција за уништување на ларвите на комарците и прв третман на терестична дезинсекција против возрасна форма на комарци на територија, информираа од Општина Куманово. Третманот ќе се спроведе на неколку подрачја на територија на Општина Куманово, онаму каде има застоена водни површини, кои постојат во текот на целата сезона или подолг временски период: погон кај воени објекти (поранешен „Југ Турист“), трски на пат кон село Речица, по течение на реките Липковка, Којнарка и Кумановка, покрај река Пчиња, локалитет Визиана, месноста Бара, населбата Карпош, месноста Одзирон (пречистителна станица на ЈП „Водовод“), како и други локации, на кои има застоена водни површини.
-При извршување на третманот ќе се користи препарат BIOPREN 4GR со активна материја S-METHOPRENE. Паралелно во истиот термин, ќе се спроведе и прв третман на терестична дезинсекција против возрасна форма на комарци на територија на Општина Куманово. При извршување на дезинсекцијата ќе се користи препарат AQVA KOTHRINE со активна материја DELTAMETHRINE, информираа од општината.
Општината за запрашување против инсекти, дезинсекција, дератизација против крлежи, лебарки, комарци и глодари одвои над 1, 2 милиони денари. Општината склучи договор со компанија од Куманово. Градот склучи договор и спроведе јавна набавака за авиотретирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Биро за лекови, за што одвои скоро два милиони денари.