Поранешниот напаѓач на Јувентус и Италија, Алесандро Дел Пјеро доби тренерска лиценца од Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ).
– Од денес можете да ме нарекувате „Господине“. Благодарност до „FIGC“ и сите ментори кои ме придружуваа на овој курс.
Благодарен сум на сите луѓе кои соработуваа и ги споделија своите искуства со мене на ова важно едукативно патување, напиша Дел Пјеро на социјалните мрежи.
Педесетгодишниот Италијанец ја заврши кариерата во 2015. Играше за Јувентус, Падова, австралискиот Сиднеј и индискиот Делхи Динамос.
За италијанската репрезентација Дел Пјеро има и 27 гола на 91 одигран натпревар.