Групацијата „Алтернатива“ во соработка со Општина Кочани организира психоедукативна и психосоцијална поддршка за жителите на Кочани како одговор на трагичниот настан што ја потресе заедницата во март оваа година.
Денеска, 21 мај 2025 година (среда), со почеток во 18 ч. во Венчалната сала ќе се одржи средба на која ќе биде претставен концептот на активностите, структурата на планираните групни работилници, како и психоедукативните активности за пошироката заедница.
„Алтернатива“ ги поканува претставниците на јавните институции (училишта, градинки, полиција, здравствени установи, противпожарна служба, социјални служби…), духовните водачи, претставници на верски заедници, новинари и медиуми кои ја следат оваа тематика, заинтересирани членови на локалната заедница…
Проектот „Простор за поддршка“ има за цел да понуди соодветен, достоинствен и етички пристап во поддршката на заедницата, се наведува во соопштението од Општина Кочани.