Тотенхем Хотспур го победи Манчестер Јунајтед со 1:0 (1:0) и ја освои Лигата на Европа, обезбедувајќи директно место во Лигата на шампионите следната сезона.
Стрелец на единствениот гол беше Бренан Џонсон во 42-та минута.
По голот, „петлите“ успеаја да се одбранат од нападите на Јунајтед, а за „црвените ѓаволи“ оваа сезона ќе биде запаметена како најлоша во историјата на клубот.
Одбранбениот фудбалер на Тотенхем, Кристијан Ромеро е прогласен за најдобар играч во финалето на Лига Европа.
Спарс го освоија својот прв трофеј од 2008 година и обезбедија пласман во Лигата на шампионите следната сезона, а ќе играат и со ПСЖ или Интер во Суперкупот на УЕФА.
Признание за Ромеро по натпреварот дојде и од противничкиот играч Алехандро Гарначо.
– Тој е најдобриот централен дефанзивец во светот, изјави Гарначо за „ESPN“.
Манчестер Јунајтед го загуби своето второ европско финале во низа.