ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Кои се фискалните ризици од шесте милијарди евра заем од Велика Британија

May 22, 2025 11:07
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фотомонтажа: Фронтлајн

Фотомонтажа: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Договорот на Владата да земе заем од Велика Британија до пет милијарди фунти (околу шест милијарди евра), според економските експерти има неколку клучни фискални ризици.

Според нив секое задолжување ќе влијае врз зголемување на јавниот долг, барем на краток до среден рок.

Насир Селими

– Држава која постојано се задолжува со финансиски средства не е добар потег, особено кога ги позајмува овие ресурси од надворешниот финансиски пазар. Што се однесува до последново задолжувањето, тоа нема врска со задолжување од меѓународниот финансиски пазар, туку од владата на една држава, што стана вообичаена практика на оваа влада (претходното задолжување беше од владата на Унгарија). Исто така за јавноста е доста нејасно под кои услови е добиен кредитот, која е каматата, колку време ќе се користи…, вели за Фронтлајн, Насир Селими – професор на факултетот за бизнис и економија при Универзитет на Југоисточна Европа.

Уште поважно, додава тој, е за какви цели ќе се користи.

– Ако не е насочена кон финансирање разни инвестициски проекти, изградба на инфраструктура, економски развој, промовирање иновации, отворање нови работни места, тогаш ова само ќе биде дополнително оптоварување на нашата економија и кочење на развојот на нашата економија, анализира професорот.

Според анализата на „Фајнанс тинк“ секое задолжување ќе влијае врз зголемување на јавниот долг, барем на краток до среден рок. Нема економска логика да се аргументира дека јавниот долг не би пораснал.

– Доколку проектите кои се предвидени да се финансираат се веќе проектирани во Фискалната стратегија, тогаш во најдобро сценарио, јавниот долг не би пораснал повеќе од неговата проекција во Фискалната стратегија, но тоа не неопходно значи дека тој би се намалувал. Според постојните плански документи, не сите инвестиции кои се најавуваат преку ова партнерство се веќе вклучени во планираните буџетски расходи. Така, на пример, единствено мапиран проект е Клиничкиот центар во Штип. Ако овие проекти не се вклучени во постојните среднорочни буџетски проекции, нивната реализација ќе доведе до поголем дефицит од планираниот, а со тоа и до повисок јавен долг. Под претпоставка дека половина од просечниот годишен износ на британскиот заем би претставувал буџетски дефицит над проектираното ниво во Фискалната стратегија, јавниот долг во 2029 година би изнесувал 65.9% од БДП, наспроти моментално проектираните 62.2%, оценува „Фајнанс тинк“.

Сценарио во кое британското финансирање е над износот на среднорочно-проектираниот буџетски дефицит крие опасности и е спротивно на заложбата за фискална консолидација.

– Ако британскиот заем е дополнување, наместо замена, на финансирање на буџетските дефицити од други извори како еврообврзници, тогаш нашиот каматен долг ќе продолжи да расте. Оттука, додавањето на финансирањето со британскиот заем на веќе-проектираниот среднорочен буџетски дефицит претставува сериозен извор на фискален ризик. Британскиот заем не смее да ги намали напорите за фискална консолидација и преку приходната и преку расходната страна на буџетот. Од технички аспект, важно е да се напомене дека реализацијата на стратешкото партнерство ќе се судри со нашиот капацитет за реализација на капиталните проекти, наведуват од таму.

Рамковниот/отворен заем со британската влада, според кој на располагање за користење се ставаат 5 милијарди фунти во временски период од 10 години, со кои ќе се финансираат исклучиво капитални проекти, во просек годишно претставува, 600 милиони евра, што е износ близок на годишниот буџетски дефицит во последните години.

Информациите кои се познати вклучуваат дека заемот ќе има грејс период за време на изведбата на проектот, а отплатата ќе отпочне откако капиталниот проект ќе биде ставен во функција. Останатите специфики на позајмувањето во моментот остануваат непознати.

Од опозициската СДСМ барат Владата на ВМРО-ДПМНЕ да одговара под кои услови, колкава е каматата, на колку години ќе се враќа овој кредит и колку тоа ќе ги чини граѓаните на крај.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати сериозни предупредувања за нетранспарентноста на Договорот за новото задолжување од 6 милијарди евра,

Тој укажа дека со новото задолжување, „секое новороденче во следните 25 години непосредно после раѓањето ќе должи 6.000 евра“.  Дополнително, според анализите на СДСМ, јавниот долг ќе надмине 115% од БДП – „што е полошо и од грчката криза од пред повеќе од една деценија“, потенцираше претседателот Филипче.

Филипче реагираше и на нејасните тврдењата на министерката за финансии.

„Очигледно е дека тие договори ќе бидат нетранспарентни и во четири очи. Министерката за финансии вели дека ќе се спроведува постапка согласно Законот за јавни набавки, но со странски фирми. Ние направивме проверка – нема да важи законот за јавни набавки“, истакна тој, посочувајќи дека „ВМРО-ДПМНЕ, партијата која седум години критикуваше за корупциски договори, сега самата создава простор за сериозни сомнежи“.

Ова влада веќе ја задолжи државата со заем од 500 милиони евра од Унгарската влада.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Велика БританијаВладаЗаемифискални ризици

НАЈНОВО

Велика Британија потпиша договор за предавање на суверенитетот над спорните острови Чагос на Маврициус

May 22, 2025

Кој е одговорот на прашањето: Колку родови има?

May 22, 2025

Вицепрeмиерот Николоски по потпишувањето на Договорот во Лондон: Започнуваме нова историја за развој на Македонија

May 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ: Нов скандал, шеми со станови на Максим Димитриевски и неговиот кум во Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Толку од самостојноста на претседателката

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трајко Славески – ни крив ни должен ќе бидам Гувернер!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕСА подготвува мисија за блиската средба со астероидот Апофис во 2029

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари се поблиску до ДУИ, но и до СДСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk