По поресудата за функционерите на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури, партијата излезе со обвинувања за политизирано и селективно судство. Иако од 2008 се на власт, а долгу време раководеле со министерството за правда, партијата на Али Ахмети обвинува дека некој дава наредби во судот за политички одлуки против нивни функсионери. Но содржините на илегално прислушкуваните разговори сведочат на нешто сосема спротивно.
Во дел од разговорите кои ги објави Зоран Заев 2015-та година, се слушаа функционери на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ како местат и делат позиции во судствоти преку поранешниот министер за правда, Блерим Беџети. Во еден од бомбите се слушна и гласот за кој СДСМ тогаш тврдеше дека е на поранешниот јавен обвинител Љупчо Шврговски. Тој наводно бара од Јанкулоска да интервенира кај министерот за правда, Блерим Беџети, со цел синот на претседателката на Апалацискиот суд да биде избран за обвинител. Со оглед дека местото било резервирано за ДУИ, Јанкулоска наводно бара од Беџети да го отстапат тоа место, со ветување: „Следниот пат ќе ви го искомпензираме“.
Потоа за ова Беџети се консултира со вицепремиерот Муса Џафери, кој стравува дека нема да биде компензирано местото, бидејќи претходно уште два пати попуштиле за слични барања. Интервенции преку Јанкулоска наводно барал и министерот за здравство Никола Тодоров, за сопругата на деканот на ФИНКИ да стане судијка во Управниот суд.
За вакви позиции Блерим Беџети во друг разговор го информира екс вицепремиерот Муса Џафери и имтерверира кај него да отстапат место за ВМРО-ДПМНЕ, убедувајќи го него дека судијката ќе им треба за нивни ситуации кога ке им треба помош во судот.
Во друг разговор поранешниот директор на УБК, Саши Мијалков, бара екс вицепремиерот Муса Џафери, да интервенира кај министерот Беџети да гласат за друг избор во правосудните органи. За да се објасни целата ситуација подоле ги пренесуваме разговорите меѓу горенаведените функсионери на ДПМНЕ и ДУИ.
А. Зеќири