ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Збогум, Америка

Иако никој не е изненаден што втората администрација на Доналд Трамп ги напушта долгогодишните глобални одговорности на Америка, самото темпо на промената е извонредно. Веќе се отвора растечка празнина во рамките на светскиот поредок, создавајќи можности за Европа, Кина и други.

May 27, 2025 19:48
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, СВЕТ, ФРОНТ
Генерирано со ВИ

Генерирано со ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: КАРЛ БИЛД / Project Syndicate

Дали се движиме кон ера кога Соединетите Држави едноставно се помалку важни? Ова прашање може да звучи чудно, имајќи во предвид дека Америка останува водечка воена и технолошка сила во светот, издавач на резервна валута и сидро на глобалниот финансиски систем. Но, со тоа што САД избраа да се повлечат од својата глобална улога, постепено ќе изгубат голем дел од моќта и влијанието што сега го земаат здраво за готово.

Секако, моќта и влијанието на Америка веќе опаднаа. Со децении по Втората светска војна, Соединетите Држави можеа да го обликуваат глобалниот систем за да им служи на своите цели, а за време на краткиот „униполарен“ момент што следеше по распадот на Советскиот Сојуз, нивниот статус беше неспоредлив. Но, од тогаш наваму, други сили пораснаа во углед и се стремат кон глобални амбиции. Додека Кина е најочигледниот пример, Европа, исто така, бара единство потребно за да се наметне себеси како сериозен глобален играч, а и многу средни сили исто така сакаат да ги подигнат своите профили.

Ова е контекстот во кој претседателот Доналд Трамп го забрза повлекувањето на Америка. Иако никој не е изненаден што гледа како администрацијата „Америка на прво место“ги напушта глобалните одговорности, самото темпо на промената е извонредно. Веќе се отвора растечка празнина во рамките на светскиот поредок.

Јасно е дека трговијата е централна во размислувањето на Трамп. Не разбирајќи дека таа може да им биде од корист на сите кои се вклучени во неа, тој гледа само игра на нулта сума која Америка ја губи. Не е важно што ова верување е спротивно на основната економија (и здравиот разум), Трамп едноставно не може да го надмине фактот дека САД увезуваат повеќе стоки отколку што извезуваат.

Никој – дури ни Трамп – не знае што ќе произлезе од глобалната трговска војна што Америка ја започна на „Денот на ослободувањето“ (2 април). Но, едно нешто веќе се чини сигурно: улогата на Америка во глобалната економија ќе се намали како што тргувањето со неа (а камоли довербата во неа) станува потешко.

Всушност, иако САД претставуваат значајна трговска сила, трговијата како дел од нејзиниот БДП не го достигнува нивото на Кина или Европската унија. Кина е главен трговски партнер на околу 120 земји, а ЕУ на околу 80, додека Америка е број еден на само 20 или повеќе земји. И сега кога Трамп наметна или се закани со големи царини против пријателите и против непријателите, позицијата на САД неминовно понатаму ќе опадне.

Отсуството на Америка ќе биде уште поочигледно во делот на мултинационалната соработка – и внатре и надвор од системот на Обединетите нации. Сега кога Трамп ги повлече САД од Светската здравствена организација, Кина зачекорува како најголем единствен финансиски придонесувач на СЗО. Другите, исто така, ќе мора да преземат поголема одговорност за меѓународните хуманитарни напори

– кои долго време зависеа од финансирањето на САД и веќе брзо се намалуваат – и за борбата против климатските промени.

Додека Трамп упатува закани дека ќе ги преземе Панамскиот канал, Канада и Гренланд, дипломатијата на САД е во повлекување пошироко. Претставници на администрацијата тврдат дека целосната инвазија на Русија врз Украина е „војна на Џо Бајден“ и тие првично одговорија на опасното разгорување на односите меѓу Индија и Пакистан со тоа што прогласија дека тоа не е работа на Америка. Неодамнешното патување  на Трамп на Блискиот Исток беше речиси исклучиво за обезбедување бизнис, инвестиции и договори за оружје. Освен што даваше бизарни изјави за претворање на Газа во одмаралиште, тој во основа го игнорираше израелско-палестинското прашање, оставајќи го израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху слободен да следи каква било политика што сака.

Сепак, повлекувањето може да биде опасно. Што ако САД продолжеа да не прават ништо за да охрабрат прекин на огнот меѓу Индија и Пакистан? Дури и Трамп, кој е пофално против војна, се чини дека ја препознава логиката за постигнување на нов нуклеарен договор во однос на Иран, за да не ја добие Нетанјаху војната што долго ја бараше.

Но, овие изолирани случаи на дипломатија се изклучоци кои го потврдуваат правилото – и Трамп сепак може да се откаже од нив. Повлекувањето на САД е во тек и сé додека други одговорни актери не преземат некои од улогите што ги играше, некои државни и недржавни актери ќе ја искористат ситуацијата во своја корист, создавајќи поголема глобална нестабилност.

ЕУ е очигледен кандидат да ја пополни празнината што ја оставија САД. Има единствена можност да ја зајакне сопствената позиција во она што ќе биде помалку американско-центричен трговски систем. На пример, поврзувањето со Сеопфатниот и прогресивен договор за транспацифичко партнерство би можело да донесе големи дивиденди, како и новиот трговски договор со Индија.

Кина, од своја страна, веројатно ќе се засили повеќе во рамките на системот на ОН. Ребалансирање на моќта таму е неопходно, а веројатно и неизбежно и би можело да се забрза под знамето на зајакнување на влијанието на Глобалниот југ.  Но, со оглед на тежината на Кина во рамките на глобалната економија, нејзината улога во управувањето со разни глобални предизвици несомнено ќе расте.

Така, од огромно значење ќе биде како ќе се развива кинеско-европскиот однос. Да немаше кинескиот претседател Ши Џинпинг дадено политичка и економска поддршка на Русија во изминатите три години, патот напред ќе беше појасен. Но, иако ситуацијата е комплицирана, Кина сé уште може да го промени курсот доколку сака.

Друга голема непознаница е како НАТО ќе се прилагоди додека американските воени ресурси се враќаат дома од Европа и Блискиот Исток (или се пренасочуваат кон Источна Азија). Предлогот на Трамп за изградба на „Златна купола“ од слоевити домашни одбранбени системи е совршен симбол на изолационистичка Америка. Надвор од куполата, во постамериканскиот свет, иднината стои на располагање.

Карл Билд е поранешен премиер и министер за надворешни работи на Шведска.

Превод: Н. Цветковска


Текстот е преземен од Project Syndicate и објавен на FRONTLINE. Линк до оригиналот: Farewell, America.

.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: АмерикаКарл БилдСАДсветски поредок

НАЈНОВО

Пад на американската економија во првиот квартал од 2025, прво намалување во изминатите три години

May 29, 2025

Оклахома во големото финалето на НБА-лигата, ги чека Индијана или Њујорк

May 29, 2025

Лукаревска до Кочоска: Дали најавеното учество на британски фирми значи суспендирање на Законот за јавни набавки?

May 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    „Аце Циганот“ по 27 години бегство се враќа во Шутка, му се отвара ли патот и на Груевски за да слета во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бочварски: Со новиот долг од 6 милијарди евра ќе стигнеме до критична точка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која нација ѝ припаѓале Св. Кирил и Методиј и кој јазик го говореле?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија најбогата на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Ѓубре исфрлено пред Град Скопје, Арсовска до Ганиу – никој не ти се плаши сè ќе објавиме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk