ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Арсовска пред Уставен со предупредување за урбанистичка катастрофа врз бунари за питка вода

May 28, 2025 12:32
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска ќе се обрати пред Уставниот суд каде што се разгледува иницијативата за укинување на Деталниот урбанистички план (ДУП) за градска четврт С3 16 во Општина Ѓорче Петров, донесен на 17 февруари 2024 година. Арсовска, како подносител на иницијативата (Реферат У.бр.158/2024), тврди дека планот е донесен без согласност од Град Скопје и во спротивност со законските процедури и стандардите за урбано планирање.

„Во Деталниот урбанистички план кој општина Ѓорче Петров и Министерството за транспорт ги аминувале без позитивно мислење од Градот Скопје, загрижува небезбедноста на планот,“ посочи Арсовска во објава на Фејсбук. „При катастрофа и криза од природна непогода, се соочуваме со опасност половина Скопје да биде отсечено, бидејќи не е корегиран ДУП-от согласно укажувањата од Град Скопје и согласно стандардите.“

Според податоците што ги сподели, со ДУП-от се предвидува изградба на дури 31 зграда, вклучително и една 21-катница, што значително ја надминува планираната густина на население со Генералниот урбанистички план (ГУП). „ГУП-от предвидува 3.750 максимален број на жители, а ДУП-от 7.244… максимално дозволена нето густина на населеност од 335 жители на хектар, додека со овој ДУП е 648 жители на хектар.“

Арсовска истакнува дека опфатот на планот се наоѓа во втора заштитна зона на бунарското подрачје Нерези–Лепенец, од каде што Скопје се снабдува со питка вода. Таа остро реагира на дозволената изградба во оваа чувствителна зона, каде што – според неа – не смее да има нова индустрија ниту високи станбени објекти.

„А таму, СРЕД НАСЕЛЕНО МЕСТО И ВРЗ БУНАРИТЕ НА ПИТКА ВОДА ЗА СКОПЈЕ, си поминаа изградба на хемиски фабрики за кои ние имаме доставени во 6 наврати сериозни забелешки за незаконитости и неусогласеност со ГУП и не дадовме позитивна согласност, без која не смее да се гради!!!!“ – пишува Арсовска.

Дополнително, градоначалничката предупредува дека „наместо да се дислоцира постоечката индустрија во овој дел, да нема градби, да се заштити просторот, се планира и нова индустрија и еден тон згради.“

Планот, кој бил усвоен на вонредна седница на Општина Ѓорче Петров, опфаќа дел од територијата кај кружниот тек кај Порта Влае кон гаражите на ЈСП „Скопје“, на границата меѓу општините Ѓорче Петров и Карпош.

Сега Уставниот суд треба да одлучи дали планот ќе биде укинат или ќе остане во сила, со оглед на сериозните правни и еколошки импликации на кои укажува Градот Скопје.

Ј. Ѓ.

Tags: АрсовскаЃорче ПетровУставен
Next Post

Францускиот уметник ВИДУ со концертот и цртањето на стрип приказна во живо во МКЦ

Shortcut

Најново

Петрит Сарачини

Зошто јавноста ги третира поинаку невладините кадри на функции во времето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ? 

August 20, 2026

Филипче: СДСМ бара минимална плата од 600 евра – законот го поднесуваме повторно во Собранието

August 20, 2026
Фото: Влада

Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

August 20, 2026

Филм „Џган“ на Вардан Тозија слави 10 години, проекција на отворената катна гаража во Скопје Сити Мол

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Крвавиот биланс расте по рускиот напад врз цивилни цели во Кијив: Спасувачите пребаруваат урнатини, има најмалку 14 загинати, според дел од извештаите и повеќе

August 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk