ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Прогласени победниците на 15. Филозофски филмски фестивал „Шамбала“ избран за најдобар долгометражен филм од жирито

May 29, 2025 10:56
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Вчера вечер се затвори 15. јубилејно издание на Филозофскиот филмски фестивал со проекција на Селекцијата на видеоесеи (селектор м-р Ивана Мирчевска) и „Витгенштајн“ од Дерек Џарман. Пред филмот во чест на поранешниот Заменик шеф на мисија и Аташе за култура на Кралството Шпанија во Скопје (2020-2023),  Ернесто Ередеро дел Кампо (1977-2024), постхумно беше прикажано видео од неговото излагање од Втората интернационална конференција „Филозофија и филм (2023), „Витгенштајн и филмот“.

Вечерта беа прогласени наградените филмови од страна на публиката и жири комисијата, во состав: Хасан Сердар Гергерлиоглу, соработник на списанието „Синефилософи“ од Турција; Кумјана Новакова, македонска филмска авторка, кураторка и предавчака; и д-р Мартин Ередеро Кампо од Универзитетот Ваљадолид во Шпанија.

Наградата „Златен був“ од жирито ја доби непалскиот филм „Шамбала“ во режија на непалскиот режисер Мин Бахадур Бхам. Жирито, истакнувајќи го уметничкиот интегритет, емоционалната длабочина и кохерентната визија, истакна дека „преку тишина, ритуал и пејзаж, Шамбала нè повикува да се соочиме со непостојаноста, одговорноста и природата на откупувањето. Филмот вткајува длабока човечка нарација со впечатлива визуелна композиција, транспонирајќи нè во едно оддалечено подрачје, а истовремено втемелувајќи ја приказната во универзално препознатливи теми како тагата, искупувањето и внатрешниот мир.“

Плакетата „Златен був“ според гласовите на публиката отиде во рацете на канадскиот режисер  Метју Ренкин и неговиот „Универзален јазик“.

За најдобар краткометражен филм, наградата „Златен був“, жирито се одлучи да ја додели на „Горчлива трпеза“ од режисерот Хорхе Тиелен Арманд. Филмот „едноставното пакетче тестенини го претвора во длабок симбол на преживување и жртва. Она што Горчлива трпеза го прави навистина извонреден филм е неговата способност да го надмине конкретниот контекст (колапсот на Венецуела) и да проговори за глобалните кризи на миграцијата и сиромаштијата.“

Во своето обраќање по повод добиената плакета „Златен був“ од публиката, режисерката на „Барајќи рече заборавив“, Наоми Пасифик изјави дека е благодарна на публиката што го избрала нејзиниот филм токму затоа што темите што ги одработува филмот се базирани на теоретичарите и филозофите кои ги читала во нејзините дваесетти години.

Жирито одлучи Специјалното признание „Стефан Сидовски – Сидо“ да го додели на „Возвишени врвови“ од Диего Салгадо поради посебниот начин на кој филмот ја обработува темата на младоста – експлицитно и алегориски. Режисерот во својата изјава на благодарност порача дека „ова признание има особено значење во времиња како нашево – кога политичките и моралните превирања често оставаат малку простор за тивка рефлексија“. Добитникот на ова признание, покрај плакетата ќе добие и подарок уметничка слика од уметницата Соња Чингарова-Фотева.

Вечерта ја модерираше главниот координатор на фестивалот, Андреј Медиќ Лазаревски кој се осврна и на иднината на фестивалот, посочувајќи: „И после 15 години – Што? Што ќе следи? Не знаеме ниту ние, но сме сигурни дека сега заокружуваме една целина, еден циклус од работа цела една деценија и половина, а од следната година можеби исто, можеби поинаку. А тоа зависи и од нас и од сите околу нас, од вас.“

Инаку, овогодинешното издание на Фестивалот се одржа под мотото „Провокативен. Полемичен. Поетичен“ од 22 до 28 мај во Кинотеката на Македонија, во организација на Филозофското друштво на Македонија, и во соработка со Кинотеката и Филозофскиот факултет при УКИМ, а со институционална поддршка на Агенцијата за филм.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Тренчевска за изборот на Славески: Партиски послушник кој барањето за повисоки плати го нарекуваше „фолклор“

НАЈНОВО

Скриншот

(ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

October 3, 2025

Герасимовски: Имаме 120 хигиеничари кои деноноќно работат заради нефункционалноста на Комунална хигиена

October 3, 2025
Фото: СДСМ

Филипче од Струга: Со конкретни мерки ги штитевме граѓаните во секоја криза, ВМРО-ДПМНЕ ги остави сами

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Струмичанката Тина Русева блесна на „The Voice of Germany“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk