ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шукова: Прв заштитен од Коцевски и Мицкоски за Кочани е Дејан Салтировски

May 31, 2025 14:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

– Власта која ја зави Македонија во црно се испречи на патот на правдата за најголемата трагедија во поновата македонска историја, пожарот во дискотеката Пулс во кој 62 деца го загубија својот живот, а 200 беа повредени. Христијан Мицкоски ги искористи сите механизми на власта, закани, уцени и присоци со единствена цел да ги заштити своите луѓе, односно оние кои се најодговорни за трагедијата која го снајде Кочани, а тоа се актуелните функционери на власта. Токму обвинителот Љубомир Коцевски кој беше под закана дека ќе биде сменет од актуелната власт, вчера ја затвори истрагата без ниту еден осомничен или обвинет актуелен функционер на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Со што ли го држи Мицкоски Коцевски под своја целосна контрола? СДСМ остави простор истрагата да биде завршена целосно и се надеваше дека ќе има правда. Денес е јасно дека правда нема. Ниеден од актуелните финкционери не е обвинет! Од денес ги поставуваме клучните прашања и ги изнесуваме клучните докази кои очигледно се кријат за да се заштитат оние од власта. Прво заштитено лице е Дејан Салтировски, истакна на прес-конференција Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ.

„Обвинителството мора да одговори:

Дали постои пишана наредба за акциска контрола во која стои дека вратите на дискотеката Пулс треба да бидат затворени? Ова е спротивно на стандардните операциски процедури. Прашуваме кој бил потпишан на таквата наредба?

Зошто ако обвинителството поседува ваков документ нема ниту еден обвинет актуелен полициски функционер од таа вечер?

Понатаму, Обвинтелството и Власта мора да одговорат зошто нема обвинение против тогаш актуелниот началник на СВР Штип, Дејан Салтировски?  Тој знаел или морал да знае дека во наредбата за акциска контрола спротивно на СОП стои дека ќе бидат затворени вратите во дискотеката Пулс?!

Понатаму, зошто обвинителството не го објави јавно видеото на кое се гледа началникот на СВР Штип, Дејан Салтировски во периодот 12:30 до 01:20 част пред дискотеката Пулс во Кочани.

Дали обвинителството го запраша Салтировски што барал во овој период пред дискотеката и зошто полицијата не влегла да врши акциска контрола како што било предвидено во 12:30 часот кога започнува забавата наместо на крајот од истата?

Дали Дејан Салтировски  во меѓувреме фалсификувал документација дека вечерта не бил на работа или за тоа постојат конкретни докази?

Дали Дејан Салтировски е заштитен од кривичен прогон затоа што ее во кумовска врска со Орце Тодоровски – Ефто еден од најблиските соработници и бизнис партнери на Христијан Мицкоски со кој градеше хидроцентрални и кој беше обвинет за милионски криминал во случајот Делчевски ниви?

Дали Дејан Салтировски е заштитен лично од Панче Тошковски кој што бил негов адвокат и не само што правно го застапувал туку како вработен во гранична полиција на полицајците им нудел потпишано полномошно од адвокат Панче Тошковски со цел да испумпуваат пари од буџетот на државата?

Дали е точно дека Дејан Салтировски подолго време не можел да добие безбеносен сертификат и ако е така како е можно да биде поставен на една така висока позиција во МВР?

Мајките завиени во црно и стотиците повредени најмалку што заслужуваат е правда!

Одговорност за оние кои го завија Кочани и Македонија во црно мора да има!

Вистината за трагедијата во Пулс мора да излезе на виделина! Јавно го повикуваме обвинителството да се ослободи од стегите на власта

затоа што селективната правда е неправда!

Во меѓувреме СДСМ ќе продолжи јавно да ги објавува сите информации кои ги има поврзани со трагедијата во Кочани се додека нема одговорност за актуелните функционери на власта.

Ова е само првиот во серијалот пресови за она што се случувало во кочанската дискотека Пулс“, изјави Шукова..

 

Next Post

Бројот на натурализации во Германија достигна нов рекорд - речиси 250.000 во 2024 година

[adrotate banner=”27″]

[adrotate banner=”28″]

НАЈНОВО

Совети за очниот притисок и негово регулирање

August 8, 2025

Лондон го повикува Израел да го преиспита планот за заземање на градот Газа

August 8, 2025

Србија повторно не се придржи кон мерките на ЕУ против Иран поради воената поддршка за руската агресија против Украина

August 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • OpenAI го претстави GPT‑5, достапен за сите корисници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лукровски: Планираме проект со кој би го разиграле кејот на Вардар, со локали и спортски терени за рекреација на младите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК донесе упатство за избор на нови избирачки одбори за претстојните локални избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Воените ветерани протестираат денес во Приштина, против Специјалниот суд во одбрана на војната на ОВК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦМДТ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk