ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Последниот бисер на Панче

June 4, 2025 10:39
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ

Свесно или несвесно, како слободен и самоуверен министер или пак партиски притиснат, министерот на полицијата, Панче Тошковски, првиот човек со заклетва да не` штити од криминал, денеска пред новинарите и јавноста промовираше став со поддршка за криминал.

На аферата „Данела, Висар, Дивоградба, Чаир, Фалсификат, Корупција“ или како се јавноста или, доколку оформат предмет, ќе ја именуваат правосудната институција, е малку важно.

Важното е, ако и тоа веќе може да се нарекува важно, што денеска првиот полицаец Панче Тошковски од новинарите запрашан што ќе преземе неговото министерство за чаирската дивоградба шесткатница на земја државна, нека впечатокот е субјективен, видно возбуден и напнат поради жешкото новинарско прашање, одговори, парафразирам:

„Да го пријавеше ова градоначалничката пред две три години, на почетокот на нејзиниот мандат, па тогаш јавноста и да и поверуваше во искреноста. Вака, вака ова е само предизборна реторика“.

Си го кажа Панче тоа и човек да не поверува дека ова е јавниот став на високиот државен функционер кој, согласно својата висока државна позиција, треба да гони криминали, а не да штити криминали.

Актуелниот министер на полицијата, доколку е сосема свесен што кажа, со оваа своја изјава, практично застана на страната на корупцијата и го поддржа криминалот.

Од една страна партијата му се колне дека ќе расчистува со корупции, од друга страна нејзиниот министер застанува во заштита на една актуелна корупција. Тошковски, аферата за еден конкретен и актуелен криминал, од правните последици за извршителите, се обиде да ја прешалтува во политичките амбиции на Данела.

Но темата не е Данела и нејзините јавни или скриени намери.

Таа, нивниот избор Данела, може да е градоначалничка секаква и никаква и да е градоначалничка способна или неспособна за што одговорите ги даваат и ќе ги дадат граѓаните гласачи.

Во оваа афера корупциска, поентата воопшто не е во нејзините евентуални политички амбиции.

Или во некои нејзини политички манипулации во пресрет на локалните избори, а во функција на некои и некакви партиски конкуренти на што во изјавата алудира министерот Тошковски.

Туку во фактот кој би требало да биде примарен кај министерот. Во одговорот во кој тој игнорираше криминал при на очигледен криминал.

И не можно е,  додека министерот во изјавата ја вртеше водата од правен на политички терен, да не знаеше, како што соопшти Јавното обвинителство, дека тоа веќе констатирало незаконска градба.

Дека во соопштението спомнува бесправна градба, дека никнала станбена зграда на шест ката и тоа лани и тоа на државно земјиште и тоа без никаква институционално правна процедура задолжителна дури и за граѓанин кој, доколку сака да изгради макар гаража за својот автомобил или да догради соба на својата семејна куќа, ќе мора да побара и да добие градски и општински согласности.

Е да, точно, целата држава ни врие од дивоградби, ако е тоа утехата.

Ама кога дивоградби аминуваат високи општински и уште повисоки државни функционери од народот избрани да се справуваат со корупции и со криминали, тогаш, тогаш …

Утре е нов ден па, па можеби Панче, по негова бесона ноќ поради таа негова несреќна партиска изјава, ќе каже или ќе напише извинување кое ќе содржи правна, антикорупциска и антикриминална содржина.

Ова, секако, само доколку совеста му надвладее над дневно партиските и над дневно коалициските потреби.

Но, ајде, утре е утре па …, па, како што вели министерот, „Со господ напред“!


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од НоваТВ

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фотомонтажа: Фронтлајн

Дарко Лешоски му довери песна на ChatGPT – Kаква верзија му направи чатботот?

July 17, 2025

Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп

July 16, 2025

Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

July 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мини‑делница, макси‑пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Штипјани се оставени со суви чешми, цената на расипништвото ја плаќаат граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје бара лидерство: СДСМ со визија, ВМРО со калкулации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk