ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

 Крстеска: Ќе има ли одговорност за УМС за пиротехниката или тие се над законот?

June 9, 2025 13:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Социјалдемократската младина на Македонија со згрозеност реагира на скандалозната и срамна прослава на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Додека родителите и семејствата се уште тагуваат за смрта на 62 деца, додека над 200 млади се борат со последиците од повредите, додека цела држава бара одговорност, помош и поддршка. Скандал е да се прави журка додека Македонија се уште тагува. Скандал е да му се аплаудира на Мицкоски за говор полн со омраза кон семејствата на повредените и загинатите во трагедијата во Кочани. Скандал да се пали пиротехника, која што е забранета, но беше и причина за пожарот и големата трагедијата во Кочани, изјави Марта Крстеска од Социјалдемократска младина на Македонија (СДММ).

„Мицкоски ги третира младите како реквизити, како инструмент за неговите политички хирови.  Ги користи младите за негово шоу, за манипулација. За да му аплаудираат додека го истура гневот кон семејствата кои загубија деца.

Ова е дрскост, бесчувствителност и целосна деградација на младите.

Бидејќи употребата на пиротехника е и законски забранета и казнива бараме МВР да постапи без одлагање – кој одобрил, кој набавил, кој наредил употреба на пиротехнички средства?

Ги повикуваме младите да го кренат својот глас против начинот на којшто Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги третираат.

Младите не се декор за митинзи, младите не се статисти за фештите на Мицкоски, младите се двигатели на општеството.

СДММ стои рамо до рамо со младите што бараат одговорност за Кочани, со младите што сакаат да им помогнат на семејствата на загинатите и поредените, со оние што знаат што значи човечност“, истакна Крстеска.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се испочитувани сите параметри и предвидени законски норми за одржување собири.

34 години Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ„ Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

„СДС наместо политика продава некрофилство, а наместо одговор на пораките од годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, СДС се фати за бакљите. Иако и сама наведува дека според законот, членот 31 којшто сами го наведуваат, забраната за употреба се однесува за во затворени простории, а собирот беше на отворено. Уште повеќе, СДС во шпекулациите се обидува да сокрие и дека бакљите спаѓаат во групата на пиротехнички средства од трета категорија коишто се во слободна продажба и без обврска на продавачот да го извести надлежниот орган, односно Отсекот за оружје. Се продава на физички лица, коишто не треба да имаат посебен документ за ракување, а се продава со упатство за употреба, односно напомена дека не смее да се користи во затворени простории.

СДС намерно го изоставува фактот дека притоа ВМРО-ДПМНЕ ги испочитува сите параметри и предвидени законски норми за одржување на собири. Пред одржувањето на настанот, беа известени МВР, противпожарната бригада и Итната медицинска помош, коишто беа присутни за време на одржувањето на настанот,

СДС наместо одговор на пораките од Христијан Мицкоски и на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, се одлучи за некрофилство, без воопшто да покаже чувства кон жртвите и семејствата во Кочани, туку напротив, ја злоупотребува нивната болка.

СДС наместо политика повторно се качува на бранот злоупотреби до сега видени во „вистината за Смилковско“ или „вистината за Тамара“, каде бесчуствителноста на СДС сметавме дека е врвот.

СДС нема дно на бесчуствителноста коешто не може да го пробие во борба за личен опстанок. Затоа и не им пречеше користењето на пиротехника на прославата на навивачките групи кои победите на своите тимови оваа недела ги прослави на ист начин, со пиротехника од трета категорија“, соопштуваат од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Next Post
Скриншот

Полицијата уапси околу 60 демонстранти во Сан Франциско

Најново

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

April 21, 2026
Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис – 21 април 2026

April 21, 2026

Почина новинарката Гордана Дувњак

April 21, 2026

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk