ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ако некој некогаш праша – нас нè има таму

June 11, 2025 11:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Зоран Иванов. Фото: Б. Јордановска / Цивил

Зоран Иванов. Фото: Б. Јордановска / Цивил

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ

Свесно или несвесно, како слободен и самоуверен министер или пак партиски притиснат, министерот на полицијата, Панче Тошковски, првиот човек со заклетва да нè штити од криминал, денеска пред новинарите и јавноста промовираше став со поддршка за криминал.

На аферата „Данела, Висар, Дивоградба, Чаир, Фалсификат, Корупција“ или како се јавноста или, доколку оформат предмет, ќе ја именуваат правосудната институција, е малку важно.

Важното е, ако и тоа веќе може да се нарекува важно, што денеска првиот полицаец Панче Тошковски од новинарите запрашан што ќе преземе неговото министерство за чаирската дивоградба шесткатница на земја државна, нека впечатокот е субјективен, видно возбуден и напнат поради жешкото новинарско прашање, одговори, парафразирам:

„Да го пријавеше ова градоначалничката пред две три години, на почетокот на нејзиниот мандат, па тогаш јавноста и да и поверуваше во искреноста. Вака, вака ова е само предизборна реторика“.

Си го кажа Панче тоа и човек да не поверува дека ова е јавниот став на високиот државен функционер кој, согласно својата висока државна позиција, треба да гони криминали, а не да штити криминали.

Актуелниот министер на полицијата, доколку е сосема свесен што кажа, со оваа своја изјава, практично застана на страната на корупцијата и го поддржа криминалот.

Од една страна партијата му се колне дека ќе расчистува со корупции, од друга страна нејзиниот министер застанува во заштита на една актуелна корупција. Тошковски, аферата за еден конкретен и актуелен криминал, од правните последици за извршителите, се обиде да ја прешалтува во политичките амбиции на Данела.

Но темата не е Данела и нејзините јавни или скриени намери.

Таа, нивниот избор Данела, може да е градоначалничка секаква и никаква и да е градоначалничка способна или неспособна за што одговорите ги даваат и ќе ги дадат граѓаните гласачи.

Во оваа афера корупциска, поентата воопшто не е вонејзините евентуални политички амбиции.

Или во некои нејзини политички манипулации во пресрет на локалните избори, а во функција на некои и некакви партиски конкуренти на што во изјавата алудира министерот Тошковски.

Туку во фактот кој би требало да биде примарен кај министерот. Во одговорот во кој тој игнорираше криминал при на очигледен криминал.

И не можно е,  додека министерот во изјавата ја вртеше водата од правен на политички терен, да не знаеше, како што соопшти Јавното обвинителство, дека тоа веќе констатирало незаконска градба.

Дека во соопштението спомнува бесправна градба, дека никнала станбена зграда на шест ката и тоа лани и тоа на државно земјиште и тоа без никаква институционално правна процедура задолжителна дури и за граѓанин кој, доколку сака да изгради макар гаража за својот автомобил или да догради соба на својата семејна куќа, ќе мора да побара и да добие градски и општински согласности.

Е да, точно, целата држава ни врие од дивоградби, ако е тоа утехата.

Ама кога дивоградби аминуваат високи општински и уште повисоки државни функционери од народот избрани да се справуваат со корупции и со криминали, тогаш, тогаш …

Утре е нов ден па, па можеби Панче, по негова бесона ноќ поради таа негова несреќна партиска изјава, ќе каже или ќе напише извинување кое ќе содржи правна, антикорупциска и антикриминална содржина.

Ова, секако, само доколку совеста му надвладее над дневно партиските и над невно коалициските потреби.

Но, ајде, утре е утре па …, па, како што вели министерот, „Со господ напред“!


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од НоваТВ

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Тошковски: Од 1 јануари трајно ќе се одзема возилото доколку се управува безобѕирно

НАЈНОВО

Фото: Pixabay

Ортопедски операции почнаа да се извршуваат во гостиварската болница

October 15, 2025

Филипче: За една година власта направи долг од 1,86 милијарди евра, рекорд во регионот

October 15, 2025

Зацврстување на кинеската „мека моќ“ во Северна Македонија: Преку образованието, ИТ и TикToк до влијание врз изборите

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се подобрува ли здравствената состојба на Михаил Шумахер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • По победа на Албанија врз Србија, навреди во Тетово и политички тензии: ЦИВИЛ со осуда – омразата не смее да гласа на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk